НОВО

Тура со коњи во природа

Kriva Palanka Цена од:

800.00 ден

Тура со коњи низ природа, стрелаштво во авантуристички парк и посета на Калин Камен.


Вклучено во цена:

  • 30 минути – 800 денари
  • 1 час и 30 минути – 1.500 денари
  • Истакнатите цени се по лице
  • Јавање со обучени коњи и водич
  • Безбедносна опрема за јавање
  • Активност со лак и стрела
  • Организирана рута низ природа

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Храна и пијалоци
  • Транспорт до локацијата

ТУРА СО КОЊИ

Оваа тура е создадена за сите кои сакаат да ја почувствуваат природата на поинаков начин – побавно, подлабоко и со вистинска поврзаност со околината. Комбинација од мирно јавање, лесна авантура и спектакуларни пејзажи ја прави идеална за бегство од секојдневието.

Јавање низ природа
Уживање во јавање на коњ низ шумски патеки, во мирна и природна околина.

Кратка активна пауза
Застанување во авантуристички парк со можност за стрелаштво со лак и стрела.

Продолжена рута (подолга тура)
Посета на езерото Калин Камен, со време за одмор и уживање во природата.

Турата е наменета за почетници и искусни јавачи, за љубители на природа, авантура и нови искуства, како и за сите кои сакаат да пробаат нешто различно и незаборавно во планинска средина.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар