Супер Домаќин

Дегустација на вино во приватен амбиент во винарија Сарика: Прилеп

Prilep Price from:

1,230.00 mkd

Резервирајте дегустација на вино од семејната винарија Сарика во Прилеп. Испратете барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате посета и очекувајте повратен одговор во текот на денот. Одогорот ќе го добиете на мејл, смс и вибер. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно и за вас и за домаќините.


Included in price:

  • Дегустација на три премиум вина:
  • Бело вино (Жупјанка и Ркацители)
  • Розе
  • Црвено вино (Прокупец или Вранец)
  • Млечна даска со избор на сирења, пршута и свежо печено лепче

Not included in price:

  • Транспорт до локацијата

Откријте ја магијата на винскиот туризам во срцето на Прилеп! Винарија Сарика, мала семејна винарија со богата традиција, ве поканува на незаборавна винска дегустација проследена со вкусна млечна даска.

Што вклучува понудата?

  • Дегустација на три премиум вина:
    • Бело вино (Жупјанка и Ркацители)
    • Розе
    • Црвено вино (Прокупец или Вранец)
  • Млечна даска со избор на сирења, пршута и свежо печено лепче

Сето ова во пријатна атмосфера на винаријата, каде ќе уживате во вкусовите и приказната зад секоја чаша вино.

Ценовник

  • За групи од 4 или повеќе лица: 20 евра по лице
  • За 2 лица: 30 евра по лице

Минимален број на гости: 2 лица

Зошто да ја посетите Винарија Сарика?

Винарија Сарика е основана во 2020 година, но нејзината приказна започнува уште во 1937 година со засадувањето на првите лозја од страна на прадедото Ѓоше. Денес, под водство на Гоце Станоески, винаријата произведува висококвалитетни вина од сопствени лозови насади во прилепскиот регион, на надморска височина од околу 730 метри.

Вината се карактеризираат со овошни ноти, изразена свежина и високи киселини, резултат на традиционалниот начин на производство и љубовта кон виното што се пренесува низ генерации.

Подарете си уникатно винско искуство во Винарија Сарика – место каде традицијата и вкусот се спојуваат во совршена хармонија.

ЛОКАЦИЈА

*The exact location will be provided after making a reservation. We share the location after reservation confirmation to avoid unbooked guests arriving and disturbing those currently staying.

Leave a Comment