Стрелаштво во Охрид

Oхридски регион Цена од:

1,250.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Сите заинтересирани лица може да добијат информации во просториите на стрлиштетот Бејбунар во Охрид секој работен ден. Конакт: 075/078 247 726

Вклучено во цена:

  • 1250 денари за рекреативци
  • 1500 денари за деца до 15 години- годишно
  • 2500 денари за деца од 16 години па нагоре- годишно

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Ако некогаш сте размислувале како да го исполните вашето слободно време доколку престојувате во Охрид, а надвор коси студот и не би сакале многу физичка активност на отворено, тогаш тимот на Кајак.мк денеска ве запознава со Тина Годзо, жена која целиот свој живот се занимава со стрелаштво.

Двата клуба во кои Тина е активна од денекса се достапни во базата на Кајак.мк, а до нив можете да стапите преку директен контакт со Тина, која атракција за стрелање ја додаваме во нашата база „Каде Овде“ или со еден клик ОВДЕ.

Тина вели дека стрелачкиот клуб „Охрид“ постои од 1996 година, односно е формиран од поранешната стрелачка дружина „Застава“, додека пак ЗСК „Лихнидос“ постои од 2006-та година.

Тина се јавува како инструктор и обучувач во двата клуба, во кои може да учествуваат сите заинтересирани. Секој кој би сакал да искуси стрелање, тоа ќе може да го стори во некој од клубовите, вели таа.

Со стрелаштво се занимавале нејзините родители, па оттука љубовта кон стрелаштвото. До 2003-та била активен стрелец, за да по дипломирањето прерасне во тренер. Денеска настапува на разни натпреварувања, кои најчесто ги користи како мотивација на младите стрелци.

Тренинзите и сите оние кои пожакуваат интерес за стрелање се организираат на стрелиштето Беј Бунар во Охрид, на обезбеден терен наменет за стрелање.

На прашањето колку години треба да има лицето кое е заинтересиран за стрелање, Тина вели дека можа да учествуваат деца од 7 годишна воздраст, а за горната граница нема ограничување, се што е потребно е лицето да покаже интерес.

За тоа какво знаење треба да има претходно лицето кое е заинтересирано за стрелање, Тина додава дека не е потребно да се има посебни знаења, само редовност и посветеност за оние кои сакаат да прераснат во професионални стрелачи.

Повеќе информации и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар