Винска дегустација во Винарија Јостела – Гевгелија: Винска магија во сончевиот јужен крај
1,950.00 ден
Винска дегустација во Винарија Јостела – Гевгелија: Винска магија во сончевиот јужен крај. Доколку сакате да резервирате дегустација ве молиме испратете барање на „ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА“. Селектирајте датум на кој сакате да се реализира дегустацијата, пишете во барањето за колку лица станува збор и очекувајте одговор од винаријата со вкупна сума. Откако ќе добиете одговор вие можете да ја потврдите резервацијата.
Вклучено во цена:
- МЕНИ 1 – Гурманско винско искуство: Цена: 1.950 денари по лице
- МЕНИ 2 – Традиционален ручек со винска дегустација Цена: 2600 денари по лице
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (Доколку групата е поголема може да се организира превоз преку Кајак.мк)
Добредојдовте во винарија Јостела, бисерот на јужна Македонија, каде што сонцето зрее низ лозјата, а виното ја раскажува приказната на земјата, традицијата и женската рака што стои зад него. Во срцето на Гевгелија, опкружена со бескрајни лозови насади, оваа винарија носи уникатна енергија – топлина, автентичност и страст кон виното.
Јостела е резултат на труд, љубов и визија на жена
винарка, која со посветеност, префинет вкус и беспрекорно чувство за детал
создава вина што остануваат запаметени. Секоја чаша е мало ремек дело, а секое
искуство во дворот на винаријата е вистинско уживање под сонцето на југот.
Подготвивме два внимателно изработени менија – идеални за
групи, настани и сите што сакаат да уживаат во локална храна, врвно вино и
атмосфера што секогаш се памети.
ПАКЕТ МЕНИЈА
МЕНИ 1 – Гурманско винско искуство
Цена: 1.950 денари по лице
Храна
- Даска
со сирења
- Даска
со сувомеснати производи
- Маслинки
- Ајвар,
малиџано, чварки
- Брускети
со три видови намази
- Крекери
Десерт
- Слатко
од зелени смокви
- Домашни
колачи
Пијалоци
- Ракија
– избор од лозова жолта, дуња или вилјамовка
- Три
типа вино: бело, розе, црвено
- Ликер
шери
МЕНИ 2 – Традиционален ручек со винска дегустација
Цена: 2600 денари по лице
Предјадење
- Микс
даска со сирења и сувомеснати производи
- Ајвар,
малиџано, чварки
- Маслинки
- Сезонска
салата
Главно јадење
- Мешано
месо на скара
- Прилог:
пекарски компир или помфрит
- Домашно
лепче
Десерт
- Раванија
со слатко од зелени смокви
Пијалоци
- Ракија
– избор од лозова жолта, дуња или вилјамовка
- Пет
типа вино: бело, розе и црвено
- Ликер
шери
ЛОКАЦИЈА