COCKTAIL CLASSES by Kajak.mk — Експеримент, друштво, забава. Еднодневно искуство што ќе го раскажувате!
2,152.00 ден
COCKTAIL CLASSES by Kajak.mk. Ваквите настани се организираат каде и да посакате. Во вашата канцеларија, во просториите од вашата компанија, дома, во приватни изнајмени простории, а можеме да ви организираме и ние во наша просторија со доплата за наем на просторот. Доколку сте група заинтересирана за ваков уникатен настан кој ќе го организираме приватно само за вашето друштво, тогаш испратете ни барање со наведување на вашите очекувања и барања. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна понудена цена.
Вклучено во цена:
- Цената е по лице а групата мора да биде од најмалку 5 лица
- Во цената е вклучено се што е наброено во описот на понудата
Не е вклучено во цена:
- Во цената не е вклучен просторот кој вие го одлучувате, а може да биде ваш приватен простор кој не би се доплаќал или доколку немате таква опција наведете ни во барањето за да ви понудиме ние опција со доплата
- Во понудата може да се вклучи и шведска маса со храна приспособена на коктелите кои ќе бидат претходно договорени со групата
- Транспорт до локацијата (Доколку доаѓате со ваш превоз ве молиме тоа да не биде управувано од лицата кои ќе ги конзумираат коктелите)
- Доколку настанот се органзиира надвор од Скопје, во понудата ќе бидат пресметани трошоците за пат
Замислете: вашата канцеларија, дома, двор или приватен
простор… претворен во мини коктел студио каде што сите се смеат, дегустираат и
учат нешто тотално ново.
Тоа е атмосферата што ја носи нашиот врвен Кајак.мк коктел мајстор Никола
— човекот кој секоја класична, премногу очекувана прослава ја трансформира во незаборавен
настан.
Ова не е досаден час. Не е семинар.
Ова е еднодневна коктел авантура за компании, тим билдинзи и дружби што
сакаат повеќе забава, родендени, повеќе вкус и повеќе смеа.
📍 Локација? Вие
одлучувате!
Во вашата компанија. Во двор. Во дневна соба. Во приватен
простор.
Ние носиме сè друго — од алатки, до мраз, алкохол и гарниши.
Совршено за групи до 10 лица, но и за поголеми – ќе организираме се да
тече мазно.
🕒 ТРАЕЊЕ: 60–90 минути
чиста забава
1) Добредојде (5–10 мин)
– Запознавање со инструкторот.
– Кратко објаснување што ве чека.
– Welcome drink за да започнеме „во ритам“.
2) Основи на миксологија (10 мин)
Токму она што го сакаш: кратко, лесно, практично и
забавно.
– Разлика меѓу shaken / stirred / built коктели.
– Како правилно се користат shaker, jigger и strainer.
– Баланс киселина – слатко – алкохол.
– Хигиена & безбедност.
За сите што мислеле дека коктелите се мистерија – ова е aha! моментот.
3) Практичен дел: Правиме 2–3 коктели! (40–60 мин)
Нема гледање од страна – секој сам си прави коктел!
Никола прво демонстрира, а потоа сите учесници подготвуваат:
Предлог сет:
Shake коктел: Margarita / Whiskey Sour / Clover Club
Stir коктел: Negroni / Martini / Old Fashioned
Signature Cocktail: специјален рецепт кој се менува по настани
Дегустација, коментари, смеење, споредување вкусови – момент
кога групата се „отвора“ и атмосферата станува магична.
4) Мал натпревар (10 мин)
Групата се дели во парови.
Имате 5 минути да измислите мини-коктел со достапните состојки.
Се оценува: вкус, изглед, креативност.
Победниците добиваат автентичен подарок – пример: 15% ваучер за Cocktail
Catering Shaker или друг уникат сувенир.
Секако… многу смеа за време на натпреварот е загарантирана.
🧊 Обезбедени материјали
(all-inclusive)
За секој учесник:
✓ 1 shaker
✓ 1 jigger
✓ 1 bar spoon
✓ 1 strainer
✓ Чаша за сервирање
За групата:
✓ Ice bucket + многу мраз
✓ Cutting board + нож
✓ Garnishes
✓ Сирупи
✓ Алкохол
✓ Fresh сокови и bitters
Сè што ви треба да се чувствувате како вистински коктел
мајстори – го носиме ние.
📸 Завршница
Фотографирање со вашите коктели, кратко прашања &
одговори, и секако: многу спомени.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции