Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Работилницата по Грнчарство во Скопје: Волшебство од Глина

Skopje Цена од:

3,000.00 ден

За да резервирате учество на работилницата за грнчарско тркало во Скопје, проверете ја цената и доколку ви одговара, испратете барање преку формуларот. Внесете го бројот на учесници и наведете доколку имате посебни барања.


Вклучено во цена:

  • Работилница за грнчарско тркало:
  • 1 лице – 3.000 денари
  • 2 лица – 6.000 денари
  • 4 лица – со попуст (цена по договор)
  • Попуст се применува за поголеми групи.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Локацијата на студиото е идеална, со лесен пристап и бесплатен паркинг. Во зависност од временските услови, работилниците може да се одржуваат и на отворено, што дополнително создава опуштена и инспиративна атмосфера за креативна работа.

Работилница – грнчарско тркало

  • Работа на грнчарско тркало
  • Изработка на предмети како: чаша, чинија и слично
  • Максимум 4 учесници, што овозможува индивидуален пристап и мали групи
  • Времетраење: околу 2 часа
  • Вклучува презентација и практична обука

Материјали и процес

  • Се користи квалитетна македонска црвена глина
  • Финалните производи се безбедни за користење со храна (безоловни глазури)
  • Процесот вклучува:
    • Сушење
    • Прво печење
    • Глазирање (по желба)
    • Второ печење
  • Целиот процес трае околу 1 до 2 месеци

Завршување и подигање

  • Секој учесник добива известување кога неговиот производ е готов за подигање
  • За оние што не сакаат да чекаат, се нудат мали поклончиња како симболичен спомен од искуството

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Hana Jahoska

    04.04.2026 13:28

  • Gordana Ruseska

    07.08.2025 13:04

    Kolku Dena e rabotilnicata

  • Воскресија Андреевска

    13.02.2025 10:45

    Здраво, Дали има опција да се организира работилница за утре за две лица сосе глазирање на сопствената фигура по 12 часот? И да ми кажете која точна е цената бидејќи пишува од 1200 на едно место а друго во опис. Благодарам однапред