Вила со базен во близина на Гевгелија
2,100.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем апартман за 2 лица од ноќ
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- Паркинг
- ТВ
- Опремена кујна
- Пешкири
- Отворен базен во летната сезона
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до објектот
- Храна
Вилата се наоѓа во близина на Гевгелија на патот кон Смрдлива Вода. На само 2 километри од центарот на Гевгелија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа во близина на Гевгелија на патот кон Смрдлива Вода. На само 2 километри од центарот на Гевгелија.
Сместувањето располага со
· Апартман со една спална соба во кој има три единечни кревети за спиење или по потреба еден брачен и еден единечен кревет.
· Апартман со две спални соби во кој во едната спална соба има брачен кревет, а во другата соба има брачен кревет и еден единечен кревет и единечен кревет, дневна соба со трпезарија.
· Вилата располага со една соба на приземје со три поединечни кревети или еден брачен и еден поединечен кревет. На вториот спрат вилата располага со брачен кревет и поединечен кревет
По потреба вилата има и креветче за дете.
Во кујната има стандард опрема, шпорет, фрижидер и прибор за јадење и готвење.
Wi-Fi има во сите апартмани.
Паркинг има во дворот на објектот.
Максималниот капацитет на целиот објект во моментот е од 12 до 15 лица.
Вилата располага со огромен парк со зеленило и природа, мирна и тивка ноќ без бучава, и рекреација за спорт и базен. Мирно за играње на деца, рамна површина за трчање.
Објектот е во област која е надвор од градот.
Соседството е мирно, а соседните објекти се на добра дистанца што нуди потопола тишина.
Сместувањето е од: 13:00 часот, а доколку објектот е претходно слободен може да се направат исклучоци.
Одјавувањето е до 12:00 часот.
Клучот се подига од сопствениците на објектот кој ги чека пред самата вила и ги запознава со околината.
Доколку гостите останат подолго од 7 или 10 дена се менува постелнината и пешкирите.
Објектот е претежно наменет за фамилијарни лица со деца.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Мелита Чаушоска
11.08.2022 14:22
Дали имате слободен термин за изнајмување на цела вила од 9.09 до 11.09? Ви благодарам
-
Димитар Тримчевски
26.06.2022 11:09
Дали има терен за кошарка во близина на вилата ?
-
Lina M
06.08.2021 11:14
Најлошо искуство!!! Недела дена пред резервација, случано дознаваме дека вилата е резервирана на други. Страшно!! Ваква непрофесионалнот немам видено!
-
Matea Manasievska
06.08.2021 11:11
Најнепрофесионално искуство. Никогаш повеќе. Резервирано пред скоро 2 месеци за една недела пред настанот девојачка, да кажат дека ја издале на други. Прашавме за капар, не сакаа. Ја смени цената која ја пишува кај вас, стара била таа цена не сум требала да гледам таму - и за тоа се сложивме. Не ми се ни јавиа да откажат, да не се јавевме денеска ќе отидевме и немаше да имаме сместување. УЖАС.
-
Марјан Костов
29.07.2021 06:26
Дали имате слободно за 2 возрасни и 1 дете (6 год.) за период од 31/07 до 02/08 2021?
-
Марјан Костов
28.07.2021 21:15
Ме интересира дали имате слободен апартман за 2 возрасни лица и едно 6 годишно дете за периодот од 31 /07 до 02/08 2021?