Matka Apartment

Skopje
Цена од:

2,200.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за едно ноќевање во студио
  • Цените се истанакти во опис на текстот
  • Цените варираат во зависнот од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • Паркинг
  • ТВ

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани на Матка. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Вилата се наоѓа во Долна Матка Ул. 2 или првата уличка на влезот од населбата Долна Матка, после првата автобуска постојка првата улица десно на 300м од лева страна

Вилата располага со 1 студио и 1 апартман

Студио:

Во вилата има студио кое располага со 1 брачен кревет и два помошни што се пуштаат од истиот и е 2+2 или идеално за пар со две деца.

Студиото располага и со кујна и полуостров, ВЦ, смарт ТВ, озвучување, машина за перење садови, фурна, голем фришидер, плотна за готвење на струја, и се што е потребно да  да се подготви ручек за 4ца.

Куќата располага со сопствен паркинг за 2 возила во склоп со дворот и место за точаци.

Студиото е погодно и за секаков вид на забави и ивенти. Доколку станува збор за забава со поголем број на гости може да се букираат и студиото и апарманот со капацитет од 8 – 10 лица.

Апартман:

Апарманот е модерно уреден и располага со 2 одвоени соби со по 2 кревети во секоја соба, дневен престој, мини практична кујна и тараса со незаборавен поглед. Идеално место за парови, љубители на природата.

Околината е мирна, дел населена, дел се викенд куќи, а веднаш над куќата почнува шумски дел кој е идеален за попладневни прошетки во борова шума од која се излегува на полиња со поглед према кањонот. Целиот регион изобилува со шумски патеки кој водат до некој од манастирите на Матка како што се Св, Никола Шишевски, Св. Спас, Св.Недела, Св.Андреа.

Местото е идеално за љубители на природата, планините, кајакарење, возење точаци и истражување на МК култура.

-11:00 е време на одјавување на гостите а 13:00 е време за пријава, со тоа што доколку нема гости во апартманот ние сме флексибилни во тој поглед. 

Домаќинот секогаш ги пречекува гостите  освен доколку гостите не се одлучат сами да се чекираат.

Цена за студио (Family) 2200ден од ноќевање ( 2 возрасни + 2 деца ) со дворно место

Цена за апартман ( Cuples ) 2200ден од ноќевање ( 4 возрасни ) тараса

Цена за апартман + студио 4000ден ( 8 возрасни + 2 помошни кревети )

Цена за цела вила апартман + студио за забави 6000ден (8 возрасни + 2 помошни кревети  )

+ можност да се изнајми озвчување и караоке 2000ден, Балони, кетеринг или достава на храна.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување