Нова и модерна планинска вила на 1380 метри надморска височина

Delchevo
Цена од:

950.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена по лице 950-1000 денари по ноќевање
  • Цената варира во зависност од бројката на гости и период
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 18
Кревети : 18
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на Планината Голак околу 1380 метри надморска височина, и на околу 10км или 15-20 минутно возење од градот Делчево во Источна Македонија. Објектот со самиот двор е декориран и модерно опремен во поглемиот дел со природни материјали - даб, природен камен, гранит, и метал. Оваа локација е за оние кои сакаат да избегаат од секојдневието и да се препуштат на мирот и спокојот што го нуди природата.


Вилата располага со 6 апартмани /соби.

 

Капацитет на вилата е 18 лица; со дополнителни 2 помошни двоседи на развлекување до максимален капацитет за 20 возрасни лица.

Може да се резервира апартман за 2, 4 лица  или цела вила.

Нудиме соби со брачен кревет, или соби со 2 единични кревети кои исто така може да се спојат во еден брачен кревет.

Нудиме бесплатно детско креветче за возраст 0-3 г. по барање на гостите.

Не нудиме екстра кревети за спиење.

 

Вилата има 3 нивoа.

 

На првото ниво се наоѓа таканаречено “shared lounge” заедничка просторија со повеќе маси и столови за околу 22 лица. Камин на дрва со петосед. 65 inch Smart TV со кабловска телевизија и free Wi-Fi. Две WC-иња и кујна. Смарт ТВ може да се користи за презентации или конференции од бизнис карактер / team building по барање на гостите.

 

На вториот спрат се наоѓа и главниот влез на вилата. На ова ниво има 4  апaртмани.

 

Една Standard Double Room - Стандартна Соба за 2 лица со еден брачен кревет, биро со стол, ТВ, ходник со гардеробер и бања/тоалет. Има простор за детско креветче.

 

Една Family Room - Фамилијарна Соба со капацитет за 3 возрасни и дете (брачен кревет и двосед кој е на разклопување). Дополнително во собата има фотеља на развлекување на која би можело да спие едно дете. Во собата има простор за креветче за бебе (по барање на гостите и моментална достапност). Во оваа фамилијарна соба има гардеробер, работно биро со стол, приватна бања/тоалет и простор за седење со мала маса.

 

(Достапни 2 ) Two Bedroom Apartment with Kitchenette, Balcony and one Bathroom - Апартман со две спални, кујна и тераса и една бања/тоалет. Капацитет за 4 возрасни лица. Во една од спалните соби има мини кујна, простор за јадење и тераса. Кујната е опремена со мини фрижидер, електрична плотна, аспиратор, прибор за јадење, садови и чаши.. Во ходникот на самиот апартман има една бања/тоалет за двете спални соби.

 

На третото ниво има 2 апартмани.

 

Еден Two Room Apartment - Апартман со две спални соби и една бања/тоалет во едната спална соба. Капацитет за 4 возрасни лица.

 

Една Deluxe Double Room with Balcony - Луксузна соба со тераса и капацитет за 3 лица. Располага со брачен кревет, двосед на развлекување кој нуди дополнителен простор за спиење, coffee table и една бања/тоалет. Во собата има простор за детско креветче.


Секој апартман располага со приватна бања/тоалет, мини фрижидер, рамен екран смарт TV и кабловска телевизија, Free WiFi, модерни тоалети со биде, туш кабини, влечки, пешкири за бања, за лице и нозе, фен за коса, постелнина (екстра прикривачи и кебиња сместени во плакарите). Дел од бањите поседуваат и LED огледала. Плакар за алишта има во секоја соба, дополнително во повеќето од собите има закачалка до самата влезна врата на апартманот. Некои од собите нудат и работно биро со стол (можете да си работите на вашиот лап топ или таблет и да ја замените канцеларијата со релаксирачка вила).

 

Од храна по барање на гостите се нуди: По договор со домаќините може да се понуди полн пансион со храна и разновидност на локални и домашни специјалитети со дополнителна доплата (домашна чорба, мекици, скара со гарнири и салати…).

 

Вилата има free  Wi-Fi.

 

Гостите ќе можат да паркираат пред вилата или на простран паркинг под самата вила.

 

Надворешниот простор околу вилата ветува дневно уживање со пространа тераса со маси и столови, простор за правење скара BBQ Grill (на ќумур, и скара на плин,) трева, зеленило, и декоративни цвекиња. Во дворниот простор достапни се две јајце лулашки за дневно уживање.

Во приквечерните часови можете да уживате со чаша Македонско Вино покрај огништето - fire pit со самиот двор на вилата, или да се релаксирате во надворешното џакузи - hot tub.

 

Вилата е заобиколена со идила од шуми, претежно борова шума и ви нуди максимално релаксирање на свеж и чист воздух.

Планина Голак е препознатлива под називот “Воздушна Бања.” Исто така во периодот кога цвета борот (месец Март-месец Jуни) воздухот е полн со полен кои има многубројни значајни здравствени бенефити.

Едно фудбалско игралиште и  едно кошаркарско игралиште се на 2 минути оддалеченот од самата вила.

Планината Голак има патеки за пешачење / планинарење, велосипедски патеки - mountain biking (но необележани патеки). Теренот е погоден за OFF ROAD - АТВ возење, возење на мотори.

Планината е богата со шумски плодови - шумски јагоди, капини, малини, боровинки, шипки. Планински печурки - бриковка, вргањ, лисичарка, срндач, планинска шампињонка. Патека на билките е едукативна патека и се наоѓа на највисоките делови на Голак, на неа се прикажани изобилие на различни билки, некои се користат за чаеви, некои за лекови. Се пронаоѓа жолт кантарион, подабиче, риген, јаглика, ајдучка трева, бела рада, боздел, нане, мајчина душица, смил. Од животински свет најмногу се застапени дивата свиња, волк, лисица, срна, некои видови на глодари и разновидност на птици.

Слободното време може да се искористи за пикник во природата. Клупички и летниковци за рекреација за пикник или правење скара во природа достапни за посетителите на планината. Манастирот Свети Пантелејмон е на 2.3 км оддалеченост. Во непосредна близина на манастирот има извор со природна светена вода, познато под името Бун Чешма - легендата вели секој да си ги измие очите од оваа лековита вода. Ловечка куќа Голак е исто така близу до изворот на вода.

Во зимскиот период има голем број на фамилии кои поминуваат време во санкање и непрофесионално скијање.

Вилата се наоѓа на планинско место на околу 1380м. надморска височина. Врвот на Планината Голак - Врв Голема Чавка е на 1536м.

А, врвот Мала Чавка е на 1409 м надморска височина и е непосредно до Манастирот Свети Пантелејмон.

Местото е мирно и тивко. Може да се каже дека е и некако приватно со поглед на шума.

 

Check in: 14:00 - 20:00 (со можност за флексибилно сместување) Би сакале да ги замолиме гостите да се најават за замислентото време на пристигање

Check out: До 11 часот (со можност на флексибилно одјавување)

 

Во зависност од времето на пристигнување на гостите клучот може да се подигне од домаќините на вилата, или во договор со гостите може да се стави во lock box / кутија со шифра која ќе биде дадена откако ќе се потврди резервирањето.

 

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена или по барање на гостите.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди. Исто така вилата нуди и велосипеди за издавање за возрасни и за деца.

Греењето во цела вила е со парна инсталација на дрва.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ане Цулеска

    17.11.2024 10:05

    Вилата преубава со сите можни услови,околината,домаќините за секоја пофалба.Одлично поминавме. Ја препорачувам.