Апартман во Пештани со прекрасен поглед

Ohrid
Цена од:

4,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената на апартманот зависи од периодот и времетраењето на наемот. (Главно 4.300 ден од ноќ), а се издава за минимум 3 ноќевања.
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманот во Пештани можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл за слободен капацитет. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 2
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Овој апартман се наоѓа во Пештани, на самиот влез. Со површина од 60м2, апартманот располага со дневна и спална соба, кујна и трпезарија. Во спалната соба има еден брачен кревет, додека во дневната соба има петтосед на спуштање, фотелја на спуштање и кревет на расклопување по потреба.

Апартманот е луксузно опремен и нуди:

  • Два телевизора (во двете соби)
  • Инвертер клима
  • Балкон со поглед на езеро и гарнитура
  • Мала библиотека
  • Кујна со шпорет и рерна, фрижидер, прибор за јадење, кафемат, нутрибулет, електрично гезве
  • Тоалет со машина за перење
  • Чадор и столчиња за плажа
  • Голем кајак за 4 лица со опрема за пловење

Апартманот има Wi-Fi и приватен паркинг во гаражен простор.

Максималниот капацитет е за 4 возрасни лица + две деца.

Во близина на апартманот има плажа за гостите, а на 800 метри е центарот на Пештани со различни содржини, ресторани и кафулиња.

Check in: 14:00
Check out: 11:00

Клучот се добива од сопствениците на апартманот, а постои можност и за Self check in во координација со одговорното лице.

На располагање на гостите им се оставени резервна постелнина и пешкири за долг и удобен престој.

Дозволено е сместување на домашни миленици до 5 кг.

Атракции во околината вклучуваат Островот на коските, манастирот Св. Наум и градот Охрид. Сместувањето е во мирна и пријатна област, идеално за одмор и релаксација.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Denis Atanasiev

    17.04.2024 18:21

    Pocituvani, Ve molam za informacija dali vi e sloboden apartmanot za 3 noki za 3 vozrasni i edno dete od 12 god. So malo kucence za period od 01.05- 03.05/2024. Odnapred blagodaram.