Викендица на Матка: Магичен допир со природата

Skopje
Цена од:

1,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена во денари е студио за 2 лица- горен спрат
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг
  • Можност за користење на задниот дел од терасата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

Обејктот е ново градба од 2022-ра година. За резервација потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 3
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Вилата е новоградба 2021 година. Се издава само спратот.

Спратот се состои од три студија. Секое студио има посебно купатило, брачен кревет 160см на 200см, чајна кујничка комплетно опремена за две лица, фрижидерче, и тераса со поглед кон реката Треска и кањонот.

На гостите исто така им е на располагање и задната тераса која пружа единствен поглед за уживање кон раката и кањонот.

Вилата располага со приватен паркинг каде можат да се сместат 4 леки коли, а надвор на безбедно мести веднаш до вилата има паркинг место уште за 4 до 5 коли. 

Максимален капацитет до 6 лица.
Број на кревети: Три брачни кревети.

АМБИЕНТ И ОПИС НА ОКОЛИНАТА- Веднаш до вилата има автобуска постојка каде застанува бр.60 кој за 40 минути ќе ве однесе до центарот на Скопје. Во близина има голем Кам маркет, пазар, бензиска станица, амбуланта, ветеринарна станица и повеќе видови на ресторани и кафе-барови. 

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошки парк, погоден за прошетка, и пештерите „Врело“ , „Убава“ и „Крштална“ и уште една подводна пештера наречена„Подврело“ за која се уште се испитува дали е можеби најдлабоката пештера во светот.

Поради многуте ранохристијански цркви Матка е наречена „Мала света гора“. 


Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Jovana mladenovikj

    19.07.2024 17:35

    Sakam rezervacija

  • Александра Путевски

    27.06.2024 10:06

    Zainteresirani za nokjevanje za dvajca vozrasni so bebe za 29.06 edna vecer

  • Даниела Џамбазовска

    07.01.2023 11:24

    Искрено, прекрасно место за опуштање и забава во природа! Место за создавање прекрасни спомени на реката Треска!