Винска тура во винарија со архитектура на замок: Скопје, Македонија

Винска тура во винарија со архитектура на замок: Скопје, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (до Камник и назад)
  • Комплетна винска тура со сите наведени точки
  • Дегустација на вино
  • Ручек/Вечера

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Chateau Kamnik е една од најпрестижните винарии во Македонија, сместена на рид над Скопје, со архитектура што потсетува на замок.

Оваа винска тура нуди уникатно искуство за љубителите на виното, комбинирајќи дегустација, гастрономско уживање и прошетка низ лозјата.

Неколку интересни факти за винаријата:

Основана е во 2004 година и истата година се засадени првите лозја. Четири години подоцна, во 2008 година е првата берба. 

Во 2009 година, Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2006 освојува неколку награди, вклучувајќи го и признанието Champion of Dry Red Wines на Vino Ljubljana и Trophee de Excellence на Les Citadelles du Vin во Франција.

Во 2014 година производниот капацитет е зголемен на 120.000 литри.

Во 2017 година се произведува првото македонско вино од портокал - Портокал 2013 Гренаш Блан.

Вината на Камник се достапни во лондонскиот ресторан и бар со Мишелин ѕвезда, Hide, како и во Hedonism Wines и кај познатиот готвач Ollie Dabbous.

Винската тура е во времетраење од 4-6 часа (полудневна тура) и најдобро би било да започне во поладневните часеви, или во летниот период да биде во приквечерните часеви.

Како изгледа една винска тура:

1. Пристигнување во винаријата
Топло добредојде и кратко предавање за историјата на винаријата

2. Обиколка на лозјата
Објаснување на сортите на грозје, дегустација (зависно од сезоната)

3. Разглед на винаријата и подрумите
Запознавање со процесот на производство (детално)

4. Дегустација на вино
Одбрани сорти на вино, комбинирани со храна

5. Ручек/Вечера

6. Слободно време за индивидуално истражување, групни фотографии.

Крај на винската тура во приквечерните или вечерните часеви.

Трансфер до почетна локација.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар