Мотел на Клепало, Беровско езеро

Berovo
Цена од:

1,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на соба за 2 лица од ноќевање
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Wi-Fi
  • TV
  • Паркинг
  • Заедничка кујна за користење
  • Фурна
  • Скари на отворено

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани. Мотел Клепало. За да резервирате треба да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете повратен одговор на мејл со цена. Доколку ви одговара цената ќе извршите резервација. Резервациите преку мејл се најбезбедни за вас.


Макс. Капацитет : 24
Кревети : 24
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Мотел Клепало располага со 9 соби од кои 2 се апартмани
Двокреветни брачни соби се 4 соби
Единечни соби со по 2 кревети се 3 соби
Мотелот има капацитет за вкупно 24 гости да престојуваат во ист момент.

Се наоѓа на 17 километри од Берово на надморска височина од 1250 метри.

Собите располагаат со кревет, плакар, наткасна и секоја соба има свој тоалет и купатило. Апартманите располагаат со плакар, наткасна, тросет и ТВ. Во склоп на мотелот има и кујна која гостите може да ја користат за подготвување на своја храна, а исто така има и фурни и скари на отворени кои им се на располагање на гостите. Кујната е опремена со сите елементи кои што се потребни за готвење.

Мотелот е премен со wi-fi и располага со приватен паркинг. Во околината има прекрасна шума, а мотелот е опколен со бор и бука. Објектот се наоѓа на 500 метри од Бугарската граница и во прекрасна шума. Во радиус од 1 километар нема други објекти.

Гостите може да се најават во било кое време од денот.
Гостите може да ја напушаат собата кога ќе посакат во текот на денот.

Клучот се подига од самото место.

Не е дозволен влез на домашни миленици, а објектот располага со простор за оставање на велосипеди.

Во околината може да се посети Бачило кој е на 20 минути оддалечено од мотелот. Исто така да се искористат и патеките, или да се собира чај или печурки.
Во околината на мотелот има патеки за планинарење коишто се одбележани, а исто така постојат и велосипедски патеки. За туристите кои се заљубени во гастрономијата, над самиот мотел има бачило каде се произведува домашно сирење и кашкавал, како и разни домашни сокови од диви јагоди, диви малини и диви капини.

Клепало е сон за секој кој бара чист воздух со огроман количина на кислород. Мотелот се наоѓа на 7 километри од Беровското Езеро и е во срцето на Малешевијата.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Sanja Gorgiev

    25.08.2024 22:47

    Zdravo sakam da prasam dali ima slobodno mesto za 27 28 i 29.08 i kolku e cenata za 3te noki ili za 2 nokevanja vi blagodaram odnapred

  • Dejan Eftimov

    11.12.2023 21:29

    Dali imate slobodno za 8 lica za 31vi dekemvri i 1vi januari?