24.05.2022

На нашите гости им овозможуваме да ја вкусат приказната за Кораб Трница

На нашите гости им овозможуваме да ја вкусат приказната за Кораб Трница

Повеќе од една година комплексот „Кораб Трница“ е дел од светот на Кајак.мк. Нашиот тим е среќен што домаќините на комплексот покажаа огромен интерес за да бидат дел од една нова ера на туризмот во Македонија која промовира здрав, активен и автентичен туризам.

Дел од нашите патувачи веќе го имаат посетено ова уникатно гастрономско сместување, а за оние кои се уште не слушнале за „Кораб Трница“ денеска ќе ја имаат таа прилика да се запзнаат. Комплексот „Кораб Трница“ располага со сместувачки капацитети, ресторан, сала за деловни состаноци, лоби и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед и вино.

Многу фамилии го поминуваат викендот овде, пред се заради детското игралиште на кое има разни реквизити и детски велосипеди кои им овозможуваат на децата да бидат физички активни. За возрасните пак, комплесот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовната опрема. Кораб Трница располага со сопствени коњи, па оттука може да ви се организираат почетни часови за јавање коњи.

Самиот наслов говори за тоа каде се наоѓа сместувањето, а тоа е селото Трница. До ова село се пристигнува по патот кој води од Маврови Анови до Дебар. За селото се вели дека е доста историско во областа на Горна Река. Во селото можете да го посетите споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај. Со реновирањето на комплексот, изградени се неколку пешачки патеки околу него се со цел на госитите да им се овозможи целосно уживање во природата.

Приказната за брендот „Кораб Трница“ започнала уште од далечната 1945 година кога се создаваат надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“.

Во 1974 година е создаден и ресторанот Кораб Трница кој подоцна бил надополнет со сместувачки капацитети. Од 2015 година се враќа сјајот на Брендот кога започнува процесот на инвестици. Комплекс Кораб Трница има своја историја која се негува и надоградува низ годините. Тежиштето на се е природата. Од нејзе произлегува вкусот и квалитетот на Кораб Трница производите и традиционалните специјалитети од ресторанот.

Она кое нам ни се допаѓа е момоентот дека домаќините на „Кораб Трница“ ја негуваат традицијата но истовремено нудат и модерна соодржина, а сместувањето е адаптирано да одговори на потребите на секој патник.


Она што ќе го истакнеме е моментот дека покрај фамилијарните апартмани, апартманите за поголеми друштва, комплексот има изградено романтични планински куќарки за парови, а има уредено и простор за кампување.

На почетокот на нашето четиво споменавме дека „Кораб Трница“ е гастономско сместување, за нас поимот „гастрономско сместување„ е нов модифициран поим кој укажува на тоа дека сместувањето нема да ве остави да си заминете гладни. Тука се организираат разни презентации и дегустации на сирењата и кашкавалите кои што се произведуваат, а комплексот има и целосно реставриран ресторан со автентичен изглед и градба од 1976 година каде се служи традиционална храна, меѓу која најпознат е качамакот кој е симбол на ресторанот и се подготвува по стариот рецент на овчарите од Кораб Трница. Истиот се служи со овчо кисело млеко или со „кораб кашкавал“ и „трничко сирење“ и за многумина од гостите претставува вистинско кулинарско задоволство.


Овде можете да најдете и рекански пити со зелка, праз, спањак и со тиква, потоа одлично приготвено јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо, риба и многу други јадења.

Сигурно сакате повеќе фотографии, информации за сместувањето и контакт за резервација? Доколку сакате да повеќе инфо кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија доби уште еден нов и модерен спа хотел лоциран во Маврово

GRAND CHAMOIS HOTEL & SPA е новото име кое често ќе се зборува во иднина.

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа

Во екот на бербата на јаболко, тимот на Кајак.мк ви ја споделува приказната за Ана.

Запознајте го македонецот Михаил: Човекот кој го произведува најдобриот македонски џин

Денеска ве водиме во градчето Виница, каде во неговото срце, со полна пареа работи дестилеријата на Михаил Трајков, човекот за кого неговите блиски велат дека е иновативна личност која постојано се впушта во нови предизвици и проекти.

Запознајте ги највредните Македонци: Верка, Миодраг и Драган, кои активно дружат со планината

Во светот на Кајак.мк овие луѓе ги нарекуваме локални херои кои се посветиле на одгледувањето и производство на локална храна за која денеска зборуваат многу нивни верни купувачи.

Дали сте слушнале за Омма: Фармата и вила?

Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.

Тим Билдинг со компанијата Cosmic Development за крај на летната сезона

Младиот тим на компанијата, полн со енергија за натпреварувања докажа дека Битола има луѓе желни за нови предизвици.