12.12.2025
Купив неколку овци и се преселив на село: Така започна мојата приказна
Купив неколку овци и се преселив на село: Така започна мојата приказна
Со години наназад тимот на Кајак.мк ги раскажува сите уникатни приказни за локалните херои во Македонија, кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Нашите приказни имаат цел да мотивираат многу млади во Македонија и да ги поттикнат да размислуваат поинаку од своите врсници и да се насочат кон локалното, производството, туризмот и угостителството. Денеска ќе ве запознаеме со приказната на Саше Китановски, кој е наш локален херој.
Секој што ќе го посети родното село на Саше Китановски,
веднаш ќе почувствува дека еден посебен свет живее меѓу овие камени куќи и
зелени ливади. Саше, цвеќар и аранжер на свежо цвеќе, организатор на свадби и
други свечености уште од 1994 година, реши да го спои своето животно хоби со
професијата која ја обожава. Но неговата приказна не започнува само со цвеќе,
туку и со љубовта кон
животните.
„Градот има своја убавина, но ми недостасуваше мирот, просторот, животот кој е во хармонија со природата“, раскажува Саше додека се шета низ дворот полн со животни и цвеќе. Во 2016 година, одлучил да направи пресврт во животот. Купил романовски овци, јуница, пиленца, гуски, заици, и започнал да ги одгледува во родното село на мајка му, каде живееле само четворица-петмина жители. „Поддршката од луѓето таму беше неверојатна. Со нивните совети и искрена љубов, сите пречки стануваа помали“, додава тој.
Првите чекори не биле лесни. Селото без
инфраструктура, а условите за животните - скромни. Сепак, секое утро
во седум часот, Саше започнува со хранење и грижа за животните, а веќе во два
часот попладне, продолжува во својата цвеќара, создавајќи аранжмани кои пленат
со свежина и естетика. „Имав чувство дека живеам два животи – еден со
животните, еден со цвеќето, и двата ми даваа радост како ништо друго“, вели
Саше со насмевка.
Средината на патот кон неговата нова визија беше Кичево,
каде имаше место за да изгради нова штала и да се пресели со животните. „Не беше лесно – нема ни една
покривка под која можевме да се скриеме од дождот или студот. Но со татко ми,
брат ми, братучедите и чичковците, работејќи со срце, ја издигнавме шталата во средина на зима“, се
потсетува Саше.
Со желба да ги спои љубовта кон животните и цвеќарството се раѓа идејата за Event центарот „Џамбулец“. „Не бев свесен во што влегувам, но знаев дека го сакам најмногу“, вели Саше.
Во текот на осум месеци, се изгради објектот кој денес е
симбол на хармонија меѓу природата, животните и свадбите. Првата свадба се
одржа во јули 2024 година, а во дворот се сади многу цвеќе кое се користи за
продажба во цвеќарата – бренд кој трае веќе 30 години. Од животните се
произведуваат сирење, млеко и јајца, со максимална грижа и љубов, без да се колат. „Сите животни ги гледам како
другари. Со нив децата учат емпатија, љубов и грижа, а не агресија“, вели Саше.
Целта на центарот е да се прошири со дневен ресторан и
сместувачки капацитети, каде посетителите ќе можат да се запознаат со животните
и да учествуваат во создавањето на аранжмани со свежо цвеќе. Игротеката за најмладите ќе биде место каде
децата ќе учат за природата, ќе се дружат со животните и ќе создаваат спомени
кои ќе ги носат со себе.
„Нема ништо поубаво од моментот кога влегувам во шталата и се среќавам со новородените јагниња, телиња, гуски, пиленца. Исто така, секоја свадба е уникатна приказна, создадена со љубов и внимание, што го прави секој настан магичен“, раскажува Саше.
Денес, Саше е 100% опкружен со сè што сака – природа,
животни, цвеќе и свадби. Кичево и неговото родно село се вистинско злато, а
Македонија поседува богатства кои многу други земји ги немаат – искреност,
традиција, природна убавина и љубов кон животот. „Сè што треба е вистинска
љубов и упорност, за да се создаде посакуваното“, заклучува Саше со топлина и
насмевка.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.
Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации
Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.