03.12.2025

Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак

Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак

Во срцето на Кратово, град богат со легенди и традиции, работи човек кој со страст и посветеност гради нова туристичка приказна. Младен Мицевски, професор по угостителство и туризам во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, локален туристички водич и докторанд со фокус на гастрономија и одржлив туризам, се истакнува како амбасадор на кратовската култура.

Приказната на Младен од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а за нас Младен е новиот локален херој кој создава мали нешта од огромно значење во промоцијата на туризмот во Македонија.

За Кајак.мк тој ја раскажува неговата страсна љубов кон секое ќоше на Кратово.

„Јас сум ентузијаст и фанатик во областа на угостителството и туризмот. Обожавам да работам со туристи и млади, бидејќи долги години сум бил младински активист,“ вели Младен.

Неговиот пат кон гастрономијата започнува уште во младоста, во семејство каде секојдневно се подготвувало традиционална храна. Љубовта кон локалните вкусови се продлабочувала со студиите и престојот во странство. „Отсекогаш го замислував Кратово како успешна и одржлива туристичка дестинација. Поради мојата посветеност кон гастрономијата, се насочив кон промоцијата на кратовската култура и храна,“ објаснува тој.


Но, патот не е без предизвици. „Предизвици секако постојат, особено додека да ги докажеш своите искрени намери во средината и да се прифатат некои новини надвор од зоната на комфор. Сепак, посветеноста кон работата, кон идеалот којшто го имам, како и смиреноста во решавањето на предизвиците придонесоа сите предизвици да се надминат. Постојаното истражување, патувања, доедукацијата, како и соработката со колеги придонесуваат за набљудување на работите од друга перспектива и полесно надминување на предизвиците,“ додава Младен.

Секојдневието на Младен е динамично и исполнето со ароми и вкусови кои го врзуваат за градот. „Часовите со учениците кога готвиме кратовски и македонски специјалитети, подготвувањето на настани за промоција на локалната култура и работа со туристи – сето тоа ме исполнува,“ вели тој. На туристите им открива тајните на вулканското тло на Кратово, легендите закопани во камењата и, секако, вкусовите на традиционалната кујна. „Често давам насоки што да пробаат, а понекогаш и им организирам целосно гастрономско доживување,“ додава Младен со насмевка.

Најголемото задоволство за него е чувството на исполнетост и можноста да пренесе знаење и љубов кон културното наследство. „Можноста да ги видам резултатите од мојата работа, долгиот муабет со учениците и туристите, како и контактите што се создаваат, се најголемите бенефити за мене,“ објаснува Младен.

Семејството, професорите, пријателите и учениците секогаш му биле столб на поддршка. Како што самиот вели, дел од учениците честопати несвесно му велат: „just keep going“, што за него е „најслатка“ потврда дека неговата мисија има смисла.


Младен верува дека неговата работа има директна вредност за заедницата. „Едукацијата на младите, пренесувањето на традиционалната култура и гастрономија, подигнување на угостителските и туристичките стандарди се клучни за подобра туристичка визија и одржливост на културата,“ објаснува тој. Секој чекор, секоја тура и секој специјалитет што го споделува со туристите придонесуваат Кратово да се открие како рурална и одржлива гастрономска дестинација.

Во иднина, Младен не се откажува од својата мисија: „Би сакал да го видам Кратово како успешна, алтернативна гастрономска туристичка дестинација, благодарение на човечкиот капацитет кој денес го градиме. Никогаш нема да се откажам од оваа мисија.“ За оние кои сакаат да тргнат по сличен пат, тој порачува: „Посветеноста и истрајноста се клучни. Ништо не се менува преку ноќ, но со долгорочни цели, сè е можно.“

Младен Мицевски не е само гастроном; тој е чувар на вкусови, приказни и традиции, човек кој со срце и знаење ги воведува туристите во душата на Кратово. Со секое готвење, секоја тура и секоја насмевка, тој создава автентично доживување кое не се заборава.

Од денеска Гастро тура со Младен можете да резервирате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Mare Giceva

    04.12.2025 23:31

    Bravo Mladen da si ziv i zdrav

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.