Автентична Гастро-тура низ Кратово: дегустација на локални специјалитети и традиционални вкусови
Искуство кое ги комбинира локалната култура и традиција преку вкусот на автентични специјалитети. Гостите имаат можност да дегустираат традиционални јадења, да се запознаат со производителите и да откријат приказни за храната и регионот, создавајќи незаборавно гастрономско патување.
Вклучено во цена:
- Пешачка тура низ стариот дел на градот
- Дегустација на локални специјалитети и традиционални јадења
- Посета на локални производители или домашни кујни
- Објаснување за локалната гастрономија, култура и традиција
- Кратки културно-историски приказни за градот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да биде организиран и вклучен во цената)
- Лични трошоци и сувенири
- Храна и пијалоци (надвор од предвидените за дегустација)
Кратово е град со уникатно природно и културно наследство, каде традицијата и локалната кујна се дел од секојдневието. Гастро турата е креирана за посетители кои сакаат да го доживеат градот преку автентични вкусови, интересни приказни и запознавање со локалниот начин на живот. Ова искуство комбинира прошетка, дегустација и запознавање со особеностите што го прават Кратово посебна гастрономска дестинација.
Што вклучува гастро турата?
-
Пешачка прошетка низ стариот дел на Кратово
Ќе ги откриете кратовските кули, камени мостови и легендите што се пренесуваат со генерации. -
Вовед во кратовската гастрономија
Приказни за локалните производи, нивната подготовка и традиционалните рецепти. -
Дегустација на кратовски специјалитети
Манти, триаголна сарма од лозов лист, качамак, катмер (зелник), топеница, маџун (слатко од тиква), домашно произведени млечни производи, кратовска ракија, кратовско вино и други локални вкусови. -
Посета на локални производители или домашни кујни
Запознајте како изгледа вистинска кратовска трпеза и дознајте ги тајните рецепти пренесувани од генерација на генерација. -
Културно-историски дел на турата
Истории за Кратово, руралниот начин на живот и неговите културни особености.
За кого е наменета?
За љубители на традиционална храна и автентични вкусови, за оние што сакаат еднодневни искуства со многу приказни, за семејства, пријатели, парови и мали групи, како и за патници што сакаат да откриваат скриени рурални дестинации. Погодна е за секој што сака да го истражи Кратово преку сите сетила.
Локација
Кратово – стара градска чаршија, кратовските кули, мостови и избрани локални домаќинства.
Времетраење
4-6 часа, зависно од групата и сезоната. Може да биде и целодневна
Зошто да ја изберете оваа тура?
Ова не е само дегустација – туку вистинско патување во време. Ќе вкусите, слушате, гледате и доживеете дел од културното наследство кое се чува со генерации. Кратово преку гастрономијата се претвора во рурална, одржлива и уникатна дестинација што тешко се заборава.
ЛОКАЦИЈА