01.12.2025

Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден

Уникатен тим билдинг со TaskForce: Енергија од Битола и Прилеп за супер ден

Тимот на Кајак.мк е среќен што ја имаше можноста да биде организатор на тим билдинг искуството за битолските млади сили од TaskForce — настан исполнет со позитивна енергија, дружење и незаборавни моменти.


Од забавните активности, до тимските предизвици и спонтаните моменти кои создадоа многу смеа, овој ден ќе остане долго да се прераскажува меѓу вработените. Ваквите настани не се само забава — тие ги зближуваат тимовите, градат заедништво, поттикнуваат подобра комуникација и создаваат вистинско другарство покрај професионалната колегијалност.


Настанот го реализиравме во прекрасната Демир Капија, каде што учесниците уживаа во винска тура, автентични вкусови, вкусен ручек, добро вино и интимна, приватна атмосфера што дополнително го збогати искуството.


Многу позитивна енергија беше „заразна“— вработените од TaskForce оставија силен впечаток со својата динамичност, дух и тимска синергија.

Благодарност до TaskForce за довербата! Ние од Кајак.мк со задоволство ќе продолжиме да создавале моменти што сплотуваат, инспирираат и остануваат во сеќавање.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.