14.12.2025
Подготвивме 75 новогодишни пакетчиња на предновогодишен тим билдинг
Подготвивме 75 новогодишни пакетчиња на предновогодишен тим билдинг
На предновогодишниот тим билдинг, тимот на Кајак.мк направи нешто поинакво – наместо класична забава, организиравме хуманитарна работилница на која заедно подготвивме 75 новогодишни пакетчиња.
Овие пакетчиња ќе ги израдуваат дечиња од прво до петто одделение во основно училиште во општина Гевгелија и претставуваат наш прв тим билдинг со јасна општествена цел.

Проектот го реализиравме заедно со нашиот клиент Жито Пром, чии производи се дел од секое пакетче. Покрај тоа, вработените имаа можност лично да напишат новогодишни честитки за децата, со што секое пакетче доби и човечка, топла порака. Во нив се најдоа и други производи, како и мал новогодишен украс од Кајак.мк.

Веруваме дека ова е добар пример како компаниите можат да излезат од рамките на вообичаените новогодишни прослави и да внесат вистинска вредност, радост и смисла во тим билдинг активностите.

Ваквите предновогодишни, општествено одговорни тим билдинзи
што ги организира Кајак.мк имаат за цел да создадат поинаква атмосфера за
вработените – атмосфера што инспирира, поврзува и носи двострано задоволство: и
за тимот, и за заедницата.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!