25.04.2020
11 кул пасоши печати во светот
11 кул пасоши печати во светот
Можеби не е модерно да се собира пасошки печати (многумина од нас сакаме да нема граници) но кога станува збор за кул пасошки печати ние направивме листа за вас. Некои од патниците се гордеат со тоа што собираат печати во пасошите, а други пак гневни на тоа што мора да чекаат за влез во државата, наместо да имаат слободен премин. Каде спаѓате вие?
Стандардните мерки за влез и излез во повеќето земји се прилично слични. Она што ги прави поразлични е изгледот од отисокот на печатот на границата. Некои земји имаат географски обележја, други пак историски знаменитости.
Контролен пункт Чарли, Берлин, Германија
Симболот на Студената војна и поделена Европа, контролниот пункт Чарли во Берлин беше најпознатиот граничен премин помеѓу Источен и Западен Берлин во текот на својот 28-годишен живот. Контролниот пункт не се користи од официјалното обединување на Германија во октомври 1990 година.
ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Кога ќе може повторно да се патува во Италија?
El fin del mundo, Ушуаја, Аргентина
Во превод значи „Крајот на светот“. Ова е најодалечениот јужен дел на Аргентина, каде има огромни снежни врнежи.
Република Сан Марино
Освен Ватикан (каде не можете да го добиете печатот), Сан Марино е најмалата држава во Европа и петта најмала во светот. Република Сан Марино со големина од околу 60 км2. Опкружена од Италија од сите страни и со население од 32.000 жители. За Сан Марино се тврди дека е најстарата преживеана суверена држава и уставна република во светот. Граѓаните на ЕУ ќе треба да платат 2,50 евра за да добијат печат на информативниот пункт за туристи.
Ciudad Mitad del Mundo, Кито, Еквадор
Постои нејаснотија каде точно лежи екваторот во Еквадор. Се претпоставува дека тој се наоѓа на Споменикот на Етнографскиот музеј, на околу 240 метри северно со означена линија и пирамидален споменик. Споменикот се наоѓа на самата линија, а за да поминете од едната страна до друга страна на екваторот вие може да довиете пасошки печат по одредена цена.
Северна Кореја
Околу 1.500 туристи од западот ја посетуваат Северна Кореја секоја година, што ја прави една од најмалку посетените земји во светот. Политичките гледишта ја прават ова земја доста недемократска. Туристите мора да резервираат претходно планирана турнеја со два водичи од Северна Кореја. Водичите треба да бидат специјално назначени од Министерството за туризам во земјата
Главниот град на поларната мечка, Черчил, Канада
Малиот град Черчил е на западниот брег на Заливот Хадсон. Секоја есен, голем број на поларни мечки мигрира, што го дава името „Главен град на поларните мечки“. Во Черчил, можете да добиете „неофицијален“ печат со поларна мечка.
ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти
Мачу Пикчу, Перу
Повеќето туристи кои го посетуваат Перу ќе сакаат да го посетат и Мачу Пикчу, едно од новите седум сведски чуда. Додека влегувате во ова место кое е дел од светско наследство на УНЕСКО преку светски познатата патека Инка, постои можност во вашиот пасош да го добиете овој печат.
Антарктикот
Не е „доста населено место“ во светот. Но тој е јужниот континент на Земјата. Повеќе туристи го посетуваат Чилеанец или Аргентинец Тиера дел Фуего. Со Антарктикот управуваат повеќе од 50 нации преку „Договорот за Антарктикот“, така што нема официјален печат. Сепак тур-операторите може да ве послужат со овој уникатен печат.
ОВА БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Патувајте од дома: Погледнете ги најстарите ресторани во светот!
20 карантински форографии од празна Италија!
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку
Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки
Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.
Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот
Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.
Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија
Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.
Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции
Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.
Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој
Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер
Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.