10.04.2020
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
AirBnb засекогаш го смени начинот на кој луѓето размислуваат за сместување при нивното наредно патување. Бидејќи во моментот е намалена фреквенцијата на туристи, некои од луксузните сместувачки капацитети се далеку поевтини, кои луѓето со подлабок џеб може да ги искористат за карантин во време на пандемија. За 100 долари од ноќевање, можете да резервирате апартман во Макареш, вила со две спални соби на Бали, 300-та годишен мини замок во Италија. Рубриката на „Кајак.мк“ патувај од дома ви претставува извонредни сместувачки капацитети.
Courtesy Airbnb
Лос Анџелес, Калифорнија
Тоа е Л.А., така што не можете да очекувате вашиот долар да ве одведе многу далеку За оваа приколка „Аистрим“ може да се каже дека го има најдобриот поглед кон градот на ангелите. Имате целосна кујна (прилично мала), клима уред, Wi-Fi (кое за жал на македонските туристи е неопходен) и огромен двор зад приколката. Локацијата е извонредна. Цената е 110 долари за ноќевање.
Courtesy Airbnb
Бали, Индонезија
Во вилата сите соби се двокреветни и имаат стаклени врати од подот до таванот, овозможуваат тони природна светлина и нудат пристап до приватниот базен. Кратко возење од плажа Кангу е она што ја прави вилата да биде толку ексклузивна. Вилата има природно украсено дрво со традиционални елементи. Сумата за едно ноќевање е 110 долари.
Courtesy Airbnb
Кејп Таун, Јужна Африка
Природната убавина на Кејп Таун е она кое треба да биде набљудувано постојано. Благодарение на овие прозорци кои нудат целосно отворен поглед претставува одличен момент за оние коишто сакаат да утринско домашно вежбање. Апартманот има затворен паркинг, локација со 24-часовно обезбедување. Сумата изнесува 122 долари од ноќевање.
Courtesy Airbnb
Отуни, Италија
Ако не сте запознаени со филмовите поврзани со тролви, тогаш ова е извонредна прилика да доживеете еден сличен начин на живеење. Ова мини колиба има конусен покрив и наликува на мини замок. Се смета дека е градбата е стара 300 години, а цената од едно ноќевање е 104 долари.
Courtesy Airbnb
Мерида, Мексико
Двете спални соби во оваа вила се на различни катови, а секоја има своја сопствена бања. Исто така, има мал базен, а вклучени се и тоалети во хотелски стил. Сумата во моментов е 106 долари за ноќевање.
Маракеш, Мароко
Можеби не станува збор за луксуз на ниво на La Mamounia, но овој приватен апартман со две спални соби е уникатно место за одмор и добар карантин. Интересно е што има тераса на самиот кров од каде се гледа раздвижаноста на Маракеш (која во моментот и тоа како ја нема). Сумата на овој апартман е 94 долари од ноќевање.
Хонг Конг
Тоа е таа идеална просторија со одличен поглед: Овој мал „260 метри квадратен“ сапартман се наоѓа на 25-ти спрат и нуди непопречен поглед кон пристаништето на Хонг Конг. Сумата за една ноќ во карантин во апартманот е 130 долари.
СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Водич во карантин: Неверојатни факти за Индија!
1. Водич во карантин: 7 фасцинантни свадбени традиции ширум светот
2. Водич во карантин: 11 фотографии што ќе ве натерат да ја посетите Будимпешта еден ден
3.20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку
4.COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул
5.Tуркменистан го забрани за употреба зборот коронавирус!
6.Масовно чистење на египетските пирамиди додека туристичките места се празни за време на пандемијата
7.Патувачка кујна на Кајак: #3: Рецепт за мексикански такос!
СИТЕ ОСТАНАТИ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНА И ПАТУВАЊЕТО ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово