01.04.2020
Tуркменистан го забрани за употреба зборот коронавирус!
Tуркменистан го забрани за употреба зборот коронавирус!
Земјата за која Кајак.мк вчера објави статистика дека нема регистрирано позитивен случај на коронавирусот исто така го забрани и за употреба истиот збор. Туркменистан им забрани на медиумите да го користат во употреба зборот коронавирус, пишуваат светските медиуми. Како што се наведува во соопштението на „Репортери без граници“, зборот коронавирус е отстранет и од здравствените брошури што се дистрибуираат во болниците, компаниите, училиштата.
Богатата централноазиска држава, која граничи со Иран, досега нема признаено ниту еден случај на зараза, додека во соседниот Иран има 45.000. „Репортери без граници“ наведува дека се случува полицајци во цивилни одела да апсат луѓе што носат заштитни маски или разговараат за коронавирусот.Туркменистан е меѓу најзатворените земји во светот и последна по слободата на медиумите, а на власт од 2006 година е претседателот Гурбангули Бердимухамедов.
Како изгледа ова земја можете да погледнете од видеозаписот:
Извор на веста: https://mms.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!
Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река
Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини
Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк
Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.