05.04.2020
Водич во карантин: 11 фотографии што ќе ве натерат да ја посетите Будимпешта еден ден
Водич во карантин: 11 фотографии што ќе ве натерат да ја посетите Будимпешта еден ден
Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска ја имаме Унгарија со главниот град Будимпешта.
Будимпешта има се: Замоци, палати, паркови и една од најдобрата „Арт Нову“ архитектура во Европа. Посетете ги термалните бањи кои имаат прекрасни погледни на реката Дунав, од каде дефинитивно можете да ги направите најубавите фотографии.
Главниот град на Унгарија е доволно романтичен за да го посетите во секој месец од годината, а овие 11 фотографии ќе ве инспирираат и ќе ви поттикнат желба за посета на градот на Дунав.
Getty
Дунав
Будимпешта е два града во еден - Буда и Пешта - разделени со реката Дунав и поврзани со голем број мостови. Зачудувачката архитектура по должината на централниот дел на главниот град е една од најдобрите во Европа. Од Мостот на синџирите „Széchenyi Chain Bridge“ и „Оперската куќа“. Ова што го гледате на сликата е унгарскиот парламент.
Getty
Унгарската опера
Унгарската државна оперска куќа ја задржува својата репутација како една од најдобрите театри во светот уште од самото отворање во 1884 година. Во неа имаат гостувано уметници како Густав Махлер.
Getty
Базиликата Свети Стефан
За познатата, неокласичка катедрала во Будимпешта - една од најголемите во земјата - беа потребни повеќе од 50 години за да се изгради, а да биде конечно завршена во 1905 година.
Getty
Бањите на Гелерт
Тешко е да се избере кој од најпознатите термални бањи во Будимпешта е најдобра, но во однос на чиста естетика, мора да ги посетите гелертските бањи. Осумте базени овде беа изградени помеѓу 1912 и 1918 година во стилот на „Арт Ново“, од мозаик и витражни прозорци.
Getty
Замокот во Буда
За уникатен живописен поглед на градот ви предлагаме да ја користите железницата која е изградена во 1980 година, а уништена за време на Втората Светска војна.
Getty
Бастионот
Областа на замокот Хил (познат како Вергеј) нуди некои од најимпресивните погледи на Дунав.
Getty
Кафе Гербауд
Основано во 1858 година, Кафе Гербауд е една од најпознатите легендарни куќи за кафе во градот - а можеби и во цела Европа, благодарение на Емил Гербауд.
Getty
Градскиот парк
Сместен во близина на центарот на градот, Градскиот парк е најголемиот парк во Будимпешта, со површина од над 300 хектари.
Getty
Плоштад на херои
Плоштадот на хероите е еден од најпопуларните (и најголемите) јавни плоштади во Будимпешта, изграден во близина на влезот на Градскиот парк.
Getty
Еврејскиот кварт и голема синагога
Во деветнаесеттиот век, градската еврејска заедница се вклопи во унгарското општество и беа изградени три синагоги во она што сега е познато како еврејски кварт. Големата синагога е најголемата од трите, позната по својата импресивна византиска и мавританска архитектура.
Getty
Central Market Hall
Изграден во XIX век, овој e пазар од затворен карактер, со добро дефинирани патеки и преубави продавици. Ако сакате унгарски сувенири ова е вистинското место за вас.
Водич во карантин: Патување во Аргентина!
Водич во карантин: Патуваме во Јамајка!
Водич во карантин: Патување во Куба!
Водич во карантин: Патуваме во Мексико!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово