04.04.2020

Водич во карантин: Патуваме во Мексико!

Водич во карантин: Патуваме во Мексико!

Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска го имаме Мексико!

Мексико, самото име на оваа прекрасна земја предизвикува повеќе емоции, стереотипи и очекувања од која било друга земја. Некои луѓе веднаш го поврзуваат со вкусната храна, некои со музиката на маријачите, а некои со мексиканските сапунски опери и бескрајни плажи со палми. 


Jezael Melgoza

Мексико, официјално Обединети Мексикански Држави e  федеративна уставна република во Северна Америка. Државата на север се граничи со САД, на југ и на запад излегува на Тихиот Океан, на југоистокот се граничи со Гватемала, Белизе и Карипското Море, а на истокот излегува на Мексиканскиот Залив. Мексико се простира на површина од 2 милиони километри квадратни ( повеќе од 760.000 милји ) со што е петта држава по големина во Америка според вкупната површина и 14-тата најголема независна нација во светот. Со популација од 111 милиони граѓани го зазема 11-тото место според густината на населението во светот а тоа ја прави и најпопуларна Хиспанофонска држава.

Мексико се наоѓа на 23-тото место на листата на туристички земји и на првото место од државите од Латинска Америка] . Најголем број туристи доаѓаат од Обединетите Нации и Канада.Исто така, голем број туристи доаѓаат и од Европа и Азија, а помал број туристи доаѓаат од Латино-Американските држави.

Marisol Casben

Мексико Сити е најатрактивниот град за туристите поради неговата Мезо-Американска историја и туристичките атракции како што се Сончевата пирамида и Месечевата пирамида.

Гвадалахара, Халиско, е вториот најголем град по големина на популацијата во Републиката. Таа е домаќин на најпознатите мексикански традиции како што се: текилата, маријачите и коњаниците или мексиканските каубојци.

Монтереј е основан при крајот на 16 век. Центарот на градот е најстароградскиот дел во градот и е опкружен со модерни соседства.

Roberto Nickson

Мексиканската кујна е позната по своите силни и разновидни вкусови, разнобојно декорирање, и многубројни зачини. Поголем дел од мексиканската кујна е базирана на предколумбиската традиција, заедно со традицијата на Ацтеките и Маите, и комбинирана со кулинарските трендови на шпанските колонисти.

Освојувачите ја комбинирале својата увезена храна: ориз, говедско, свинско и пилешко месо, вино, лук и кромид со храната од предколумбискиот период, како што се: пченка, домат, ванила, авокадо, папаја, ананас, лути пиперки, грашок, тиква, благ компир, кикирики и мисиркино месо.

Calum Lewis

Мексиканската храна се разликува во различни области, поради локалната клима и географките и етничките разлики помеѓу жителите коишто биле под влијание на шпанците долго време па поради тоа тие имале големо влијание и врз кујната на мексиканците. Северот на Мексико е познат по производство на говедско и козјо месо и на месо од ној. Поточно тие се познати по јадењата приготвени со месо, а особено е познат говедската шницла.


Dennis Schrader

FOTO: Cristian Newman

ПРОШЕТАЈТЕ И НИЗ:

Водич во карантин: Патување во Аргентина!

Водич во карантин: Патуваме во Јамајка!

Водич во карантин: Патување во Куба!


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.

Во Радишани се отвори нов ресторан со традиционална домашна храна

За скопјани и луѓето од околината кои бараат викенд гастро дестинации, треба да имаат до знаење дека во Радишани се отвори нов етно комплекс во кој се приготвуваат вкусни домашни локални јадења.