03.04.2020

20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку

20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку

Додека патуваме сметаме дека сме научиле толку многу работи за светот што знаеме многу повеќе од останатите. Меѓутоа додека гребнеме на површината сфаќаме дека не знаеме ништо посебно. Еве на пример, дали знаете колку трае најкраткиот комерцијален лет? (Трае пократко од времето кое е потребно да се свари едно јајце). Дали знаете која држава нема реки? 


За патувањата, кои во моментот се паузирани поради пандемијата од коронавирусот, ние се потрудивме да ви сервираме факти кои ќе го променат вашиот став за одредени нешта во светот.


India's railway network is rather massive © Travel and Still life photography / Getty Images

1. Најдолгиот комерцијален лет во светот траеше околу 30 часа.
Таканаречената „двојно изгрејсонце“ линија на Qantas, која се движи на релација Австралија до Шри Ланка (помеѓу 1943-45 година), а често траеше и над 30 часа, при што патниците двапати го гледаа изгрејсонцето. Денеска најдолгиот комерцијален лет е рутата на „Сингапур ерлајнс“ од Сингапур до Њујорк, со просечно време на патување од 17 часа и 50 минути.

2. Најкраткиот комерцијален лет трае помалку од две минути.
Неверојатно, најкраткиот комерцијален лет, кој е на релација помеѓу соседните острови Вестреј и Папа Вестрај во Шкотска, трае околу една и пол минута. 

3. Јапонските железници доделуваат „потврди“ доколу возот доцни повеќе од пет минути.
Јапонските возови,кои се наводно и најпрецизни во светот, на патниците им издаваат „оправдувања“ доколку возот доцни повеќе од пет минути. Овие документи работниците може да ги покажат на нивните газди се со цел да им докажат дека не доцнат по своја вина. Вакви потврди се издаваат и во некои возови во Германија и во Париз. 

4. Најскапото такси од аеродром до град изнесува околу 160 евра. 
Секој патник настојува да го користи јавниот градски и приградски превоз, како што се автобуските линии од аеродромите или метро линиите коишто ги има во повеќето големи градови, наместо да фати такси од аеродромот до градот. Доколку некогаш патувате до аеродромот „Нарита“ во Токио, треба да земете предвид фактот дека таксито според студијата на „Moneycorp“ изнесува околу 160 евра. 

5. Возовите во Индија превезуваат приближно 23 милиони патници секој ден. 
Тоа е целото население во Австралија. Покрај овој факт, треба да знаете дека ако железничките линии, бидат поставени во една линија би можеле да го обиколат светот еден круг и половина.


It's strange to think some countries on earth have no rivers © TRphotos / Shutterstock

6.
 Саудиска Арабија нема реки.
Земјата на арапскиот полуостров нема постојани реки. Таа е една од 17-те земји во светот низ која не поминува ниту една река.

7. Во Етиопија тековната година е 2013 година.
Етиопија има свој календар, кој за разликата во воочениот датум на раѓањето на Христос е седум до осум години зад Грегоријанскиот календар (кој се користи како стандарден во поголемиот дел од светот) . Во Етиопија новата година започнува или на 29 август или 30 август.

8. Кина има иста временска рамка за цела држава.
И покрај опфаќањето на пет географски временски зони, Кина има само едно одредено време за целата земја. Стандардно време во Кина е UTC + 8.

9. Велика Британија го има најдолго име на земја во светот.
Официјалниот назив на Велика Британија е „Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“ што го прави најдолго признатото име на земја во светот.

10. Алјаска е и најзападната и најисточна држава во САД.
Алеутските острови на Алјаска се наоѓа на линија што ја дели источната и западната хемисфера, што ја прави единствената американска држава која делумно се наоѓа во источната хемисфера.


The Swedes enjoy one particularly unusual topping on their pizzas © Oran Tantapakul / Shutterstock

11. Русија го класифицираше пиво како алкохолен пијалок во 2011-та година
Неверојатно што пред тоа, секој пијалок кој содржеше помалку од 10% алкохол се сметаше за „прехранбен производ“.

12. Пилотите и ко-пилотите не јадат ист оброк пред летот.
Како дел од стандардната конвенција, пилотите и ко-пилотите не јадат иста храна пред летот во случај на труење со храна (или полошо). Ако на едниот пилот му се слоши, другиот да го преземе летот. 


The Eiffel Tower wasn't always such a popular landmark © ESB Professional / Shutterstock

13. И покрај она што го велат луѓето, Кинескиот ѕид е тешко да се види од вселената.
Дури и од ниска орбита до Земјата, потребни е да се зумира за да се види со човечко око.

14. Ајфеловата кула на почетокот не беше прифатена од парижаните.
Иконската кула беше обележана како „монструозна“ и „смешна“ откако беше отворена за светот. Се вели дека современиот писател Гај де Маупасант кој не ја сакал кулата, доаѓал на ручек на неа, бидејќи тоа било единственото место во Париз од каде ова кула не се гледала.

15. Судан има повеќе антички пирамиди од Египет.
Изворите варираат, но се тврди дека Судан е дом на околу 250 пирамидални структури, кои биле изградени од владетелите на античките кралства Кушит меѓу 2500 година до 300 г. Се смета дека Египет има нешто повеќе од 100 пирамиди.

16. Минарињата на Таџ Махал се изградени да тежат и виснат нанадвор. 
Ова е направено се со цел доколку се срушат тие да паднат кон надворешната страна. 


There's something unusual about the litter bins at Disneyland

17. На апликацијата за јазици „Дуолинго“ во моментов има 320.000 луѓе кои го изучуваат „Клингон“ (измислен јазик прикажан во телевизиското шоу Star Trek) 
Англискиот е најпопуларен јазик на апликацијата, со вкупно 34 милиони луѓе кои предаваат лекции од почетокот на 2020 година.

18. На островот Јап дел од државата Микронезија, карпите се користат како валута.
Вредноста на секој карпа се заснова на нејзината големина и нејзината историја (од каде потекнува). Иако денеска и многу американските долари почнаа да се користат за секојдневни набавки на островот, но сепак карпите сè уште се користат за церемонијални трансакции (на пример, за време на свадби). Yap исто така користи куркума и школки како официјална валута.

19. Ако земјата беше густо населена како населението во Њујотк, сето моментално светско население би можело да се смести во Тексас. 
Нема да имаме толку многу простор, но, сепак остатокот од планетата земја ќе биде ненаселен, а со тоа ќе имаме и многу место каде да отпатуваме за да ја одбегнеме гужвата.

20. Никогаш нема да бидете повеќе од 30 чекори од контејнер за ѓубре во Дизниленд.
Приказната вели дека Волт Дизни ги набудувал посетителите во паркот и гледал колку чекори правеле пред да го фрлат отпадокот.


МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул

Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?

Преминот на Битлси се бои за време на изолацијата на Лондон

Патувајте од дома: Предлог филмови од неанглиско говорно подрачје!

9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!

7 начини како да патувате без напуштање на домот


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.

Во Радишани се отвори нов ресторан со традиционална домашна храна

За скопјани и луѓето од околината кои бараат викенд гастро дестинации, треба да имаат до знаење дека во Радишани се отвори нов етно комплекс во кој се приготвуваат вкусни домашни локални јадења.