18.03.2020
7 начини како да патувате без напуштање на домот
7 начини како да патувате без напуштање на домот
Секогаш кога сакаме да се релаксираме, да се опуштиме од напорната работа, прво нешто што на памет ни доаѓа е патувањето. Кајак.мк е платформа која постојано ќе им служи на патувачите, без разлика на мометалната состојба околу нас. Во моментов сите сме засегнати од пандемијата која ја шири CODIV-19 или таканаречен „коронавирус“. Се со цел да помогнеме еден на друг и да се справиме со ситуацијата, Кајак.мк ви дава совети како да патувате од вашиот дом. Нобеловиот психолог Даниел Канман, вели дека требада патуваме со нашите умови, а не со нашите тела. Затоа еве предлози за тоа како да го поминете времето дома.
1. Проверете го вашиот список за патување
Има места коишто некогаш сакавте да ги посетите, а повеќе не. Проверете нови и атрактивни места во светот кои ќе можете да ги посетите по стабилизирање на состојбата. Никогаш не го откажувајте вашето патување, пролонгирајте го!
2. Испланирајте го вашето следно патување
Планирајте го вашето следно патување, а не го откажувајте. Имате шанса да го прологнирате за друг датум кој ќе биде прифатен од агенцијата и од ваша страна? Сторете го тоа! Шансата да запознаете и откриете нови места не смее да ви пропадне. Да изгубете залудно од вашето време, а да не патувате е штета и за вас и за агенцијата која работи за вие да патувате евтино. Погледнете ги местата коишто требаше да ги посетите со агенцијата, а не сте во можност поради пандемијата. Отворете ги истите на фејсбук, инстаграм, читајте коментари и рецензии од патници коишто веќе го посетиле тоа место.
3. Патувајте со умот
Сте побале ли некогаш да патувате со умот? Ако досега сте патувале само со телото, време е да му дадете шанса и на вашиот ум да ве прошета некаде. Имате балкон? Подгответе си кафе или чај, излезете на него и затворете ги очите. Нека ве води умот каде што вие ќе посакате. Размуслувајте на убавината на Кина, на каналите во Италија, градовите во Германија и музиката во Шпанија. Создадете ја прекрасната слика за убавината на најпогодените места од вирусот. Ако се чуствувате осамено, јавете му на вашиот пријател на телефон и разговарајте со него/неа за места коишто сте ги посетиле. Но никако, не размислувајте да го откажете вашето наредно патување, пролонгирајте го!

4.Дезориентирај се
Отвори ја картата на светот. По случаен избор изберете место кое никогаш не би ви паднало на памет за него. Отворете GOOGLE, YOUTUBE, FACEBOOK, INSTAGRAM и истражувајте за тоа место. Ќе забележите дека има многу документарни емисии, истражувања, фотографии од локални атракции за кои никогаш не сте слушнале. Можеби тоа ќе ви биде вашето наредно патување, ставете го на листата, но никогаш не го откажувајте!

5.Учете нови вештини
Сакате кампување? Сакате планини? Сакате плажи? Ски центри?
Секој од нас по нешто од ова сака! Тогаш оти да не откриваме нови вештини и трикови кои можеби ќе ни бидат во корист при нашето следно патување? На пример: Како да направиме нашиот шатор да биде потопол? Како да направиме од јаже- трик кој ќе ни помогне при искачување? Како да направиме пешкирот на плажата да изгледа совршено? Како да го комбинираме багажот во нашиот автомобил за да имаме повеќе простор? Како да се подготвиме полесно за летен одмор кој веќе го имаме резервирано?
Ова се само идеи кои може да ви отворат нови гледишта кон патувањата, кои мора да ги реализирате, а не откажете!
6. „Брза географија на интернет“
Скоро сите домови имаат WI-FI конекција, а повеќето од нас имаме паметни телефони или компјутери. Тогаш направете го вашиот идеален тим ONLINE! Состанете се на конверзација и играјте ја некогашата фамозна игра „БРЗА ГЕОГРАФИЈА“. Така ќе научете нови места, реки, планини, градови и села. Можеби така ќе “падне“ нов договор за ново патување! Договорете го друштвото да не го откажува патувањето, доколку е во престојниот период, пролонгирајте го за понатаму.
7. Храна
Во овие моменти не е важно дали сме добри готвачи! Имаме доволно време да го совладеме нашето омилено јадење! Можеби потекнува од Италија, Шпанија, Кина, Франција, Грција? Сега е моментот кога треба да го приготвиме. Нашето семејство сака да слушне за него. Раскажете им ја приказната каде сте го пробале и што тоа јадење ви значи вам. Можеби тие ќе засакат да ја посетат таа дестинација. Потикнете ги да патуваат, а не да откажат патување!
ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ НА ЕДИНСТВЕНАТА ПЛАТФОРМА АГРЕГАТ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАВА. НАША ЦЕЛ НА ОВОЈ ТЕКСТ Е ДА ВИ УКАЖЕМЕ НА ТОА КОЛКУ Е БИТНО ПАТУВАЊЕТО ВО ВАШИТЕ ЖИВОТИ. ОД ДРУГА СТРАНА ПАК, МОРАМЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ВО ЗЕМЈАВА, ТОА ШТО ШТО НЕМА ДА ГО ОТКАЖЕМЕ ПАТУВАЊЕТО, ТУКУ ЌЕ ГО ПРОЛОНГИРАМЕ ЗА ПОНАТАМУ. ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ КАКО НА КАЈАК.МК ТАКА И НА СИТЕ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ ЌЕ НИ БИДЕ ДОКОЛКУ ГО СПОДЕЛИТЕ ТЕКСТОТ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Струмички карневал 2026 – посетете ја Струмица доколку сте во Македонија
Посетете ја Струмица и доживејте го Струмичкиот карневал 2026. Живописни маски, музика, локални обичаи и гастрономија го прават овој карневал незаборавно искуство во Македонија.
Сè уште немате план за Св. Трифун? Откријте викенд полн со нови искуства со кајак.мк
Не чекајте последен момент за планови! Прославете Св. Трифун со викенд полн со вински тури, романтични дрвени куќички, рурални доживувања и нови, незаборавни искуства низ Македонија.
Свети Трифун – заштитникот на лозарите и виното
Дознајте кој е Свети Трифун, зошто е заштитник на лозарите и како се слави празникот во Македонија, со традиции, обичаи и винска култура.
Марина одгледува памук и преработува материјали во облека
Запознајте ја Марина, уметница која твори текстил, облека и накит од одржливи материјали. Нејзината работа спојува традиција, природни ресурси и одговорност кон природата и луѓето.
Алтернативен туризам во Македонија: како локалните искуства го менуваат начинот на патување
Алтернативен туризам во Македонија со фокус на локални искуства, автентични доживувања и човечки приказни. Откриј нов начин на патување.
Македонско семејство ја воодушевува Германија со храната и гостопримството
Од Струмица до Леверкузен: семејна приказна за храброст, вкус и успех. Приказните за успешните македонци достапни на Кајак.мк и Macedonia Abroad.