14.03.2020

Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот

Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот

Корона вирусот предизвикува распираторни заболувања кај луѓето. Откриен е во Кина во декември 2019-та година. Брзо се шири низ целиот свет, зафаќајки 123 земји, територии и обласи на шест континенти. 

Еве што се треба еден патник да знае за ковиот коронавирус:

Што е коронавирус?
Новиот корона вирус, научно е именуван како Ковид- 19. Ова е првпат научниците да се сретнат со ваков специфичен коронавирус, кој предизвикува распираторни заболувања.

Каде започна појавата на коронавирус?
Коронавирусот за прв пат е откриен во градот Вухан, провинцијата Хубеи, Кина, кон крајот на декември 2019-та година. Се верува дека вирусот наводно започнал од животните, од пазарот на живи животни во Вухан и во моментов се пренесува од човек на човек. Точниот извор на „Ковид-19“ засега е непознат, но некои студии откриваат дека можеби потекнува од лилјаци.

Како можете да сте заразени од новиот коронавирус?
Како и многу други респираторни заболувања, новиот коронавирус се верува дека се пренесува од човек на човек преку воздухот кога некој кива или кашла. Според Центрите за контрола и превенција на болести, вирусот исто така може да се пренесе преку допир на заразените лица, од површините или предметите каде што вирусот се наоѓа. Студиите проценуваат дека вирусот може да остане на површината до девет дена на собна температура, но дека дезинфекциите и повисоките температури можат да го уништат.

Просечниот период на инкубација на Covid-19 е пет до седум дена, а максимумот е 14 дена.

Кои се симптомите на новиот коронавирус?
Симптомите вклучуваат треска, кашлица и останување без здив. Новиот коронавирус може да предизвика пневмонија или бронхитис.

Дали е опасен новиот коронавирус?
Новиот коронавирус може да предизвика тешка пневмонија и бронхитис. Луѓето со кардиопулмонални или кардиоваскуларни заболувања, ослабен имунолошки систем, деца и стари лица се со најголем ризик.

Дали може да се лечи новиот коронавирус?
Како нов вирус, во моментов нема третман или вакцина против Covid-19. Единствено што медицинските професионалци во моментов можат да направат е да ги ублажат симптомите на заразените пациенти.


Како да спречите да бидете заразени од новиот коронавирус?
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува:
Редовно мијте ги рацете со сапун и вода или со средства за дезинфекција на рацете базирана на алкохол.
Покријте ја устата кога кашлате или кивање, а потоа измијте ги рацете.
Не ги допирајте очите, устата или носот со неизмиени раце.
Избегнувајте контакт со секој што кашла, кива или има треска.

За да спречите другите да се заразат:
Останете дома ако се чувствувате лошо и избегнувајте контакт со другите.
Темелно измијте ги предметите и површините што можеби сте ги допреле ако се чувствувате лошо.

 

Што треба патниците да знаат за новиот коронавирус
Соопштение на МНР
објавено на 13.03
Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки,  упатува апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука

Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука

Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Министерството за надворешни работи повторно апелира во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)


Соопштение на МНР објавено на 14.03
Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19).

Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

 +389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389  75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: [email protected]

Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.


Соопштение на МНР објавено на 15.03

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети.

По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа.

Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул;  во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.

Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.

Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.


СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!


Следете ја моменталната состојба во светот на TRACK CORONA!


Информациите се првично објавени на 14.03.2020, што може истите да се променат додека вие го читате текстот!


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.

Во Радишани се отвори нов ресторан со традиционална домашна храна

За скопјани и луѓето од околината кои бараат викенд гастро дестинации, треба да имаат до знаење дека во Радишани се отвори нов етно комплекс во кој се приготвуваат вкусни домашни локални јадења.