14.03.2020
Дали мојата авиокомапнија ќе ми ги врати парите поради коронавирусот?
Дали мојата авиокомапнија ќе ми ги врати парите поради коронавирусот?
Како што објави Светската здравствена
организација, корона вирусот или Ковид- 19 е прогласен за глобална пандемија, а
со тоа и неколку земји воведоа ограничувања на патувањата. Авиокомпаниите
истакнаа официјални соопштенија со воведување на пофлексибилни политики за
промена на летот на клиентите кои истиот треба да биде одложен или да биде
откажен.
„Ер
Франс“
Сите резервации пред 31-ви март до меѓународни или домашни дестинации може да
бидат променети до 31 мај, без доплата. Освен доколу се букираат во различна
класа. Повеќе информации за патниците кои имаат резервации со ова
компанија ОВДЕ
„Алиталија“
Државната
авиокомпанија на Италија се откажува од надоместоците коишто патниците треба да
ги платат доколку извршат промена на своите билети за патување до 30 јуни.
Клиентите исто така имаат право да ја променат дестијацијата на своето
патување, без дополнителни трошоци, доколку сакаат да го задржат истиот датум
на лет. Повеќе информации ОВДЕ
„Американ ерлајнс“
„Американ
ерлајнс“ објави дека нема да се доплаќа за надоместоци доколку клиентите кои
купиле билет пред 1ви Март за летови до 30ти април. Компанијата исто така
направи излени во наплатата на летовите кон Италија или Јужна Кореа кои што се
купени пред или на 24-ти февруари. Повеќе информации ОВДЕ
„Бритиш
Ервејс“
„Бритиш ервејс“ се
откажува од надоместоците за повторна промена на резервацијата на летовите кон
домашните или меѓународни дестинации. Клиентите кои извршиле резерации помеѓу
3-ти до 31-ви март може да направат промена на летото во наредните 12 месеци од
денот на поаѓање без притоа да треба да доплатат. Повеќе информации ОВДЕ
EasyJet „ИзиЏет“
Британската нискобуџетна
авиокомпанија соопшти дека ќе им овозможи на клиентите да извршат еднократна
промена и на нови и на постојни билети, без да бидат обврзани да
платат надомест за промената. Временските рамки не се прецизирани. Повеќе информации ОВДЕ
„Емирати“
Авиокомпанијата со седиште во Дубаи им дозволува на клиентите да ги презакажат
летовите резервирани на или пред 31-ви март, без дополнителни трошоци. Постојат
повеќе разлики во летовите. Повеќе информации ОВДЕ
„Катар ерлајнс“
Катар има прилично
дарежлива политика за откажување. Патниците на домашни и меѓународни летови за
патувања до 30 јуни, 2020 година можат да аплицираат за презакажување или
замена на нивната резервација за кредит кој ќе важи за патување до 12 месеци по првичниот
датум на резервација. Погледнете повеќе информации ОВДЕ
„Луфтханза“
Германската авиокомпанија соопшти дека сите резервации направени на или пред
5ти март за патувања до 30 април, 2020 година може да бидат презакажани
бесплатно до 31 декември, 2020 година. Исто така, авиокопамијата нема да
наплаќа такса за повторна резервација на летовите букирани помеѓу 6-ти и 31-би
март, 2020та година. се откажува од такса за повторна резервација на летовите
купени меѓу 6 и 31 март, 2020 година. Повеќе информации ОВДЕ
„Рајанер“
Патниците чии летови
биле откажани или презакажани од авиокомпанијата поради пандемијата „Ковид-19“,
треба да добијат е-пошта или СМС порака од „Рајанер“ со можност да побараат враќање на средства или
да го насочат патувањето. Сепак, не е јасно дали патниците ќе
може да ги ребукираат или изменат маршутите чии летови не биле откажани од
авиокомпанијата. Повеќе информации ОВДЕ
„Визер“
Што се однесува до Визер компанија со која најмногу патуваат македонските
граѓани, ви препорачуваме да бидете во постојана комуникација со компанијата.
Сопштенијата од авиокомапнија можете да ги читате на нивната официјална
страница или овде: https://wizzair.com/mk-mk#/
Доколку
вашата авиокомпанија не е наведена тука, проверете ја нејзината официјална
веб-страница. Повеќето авиокомпании сега имаат посветени страници за
„Ковид-19“, со детали за политики за откажување, промена на лет или рута.
Бидете
во тек со најновите вести за COVID-19 поврзани со патувањето, со еден
клик ОВДЕ!
Информациите
на авиокомпаниите се ажурирани на 13 март 2020 година, што може а и не
мора да значи дека истите политики важат или се променети.
Фото:
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово