11.03.2026

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Платформата Кајак.мк со години наназад е препознатлива по тоа што е една од ретките туристички платформи во Македонија која континуирано ги открива и промовира новите локални херои – луѓето кои стојат зад малите, но автентични приказни што го градат современиот туризам. Тоа е токму онаа нова ера на туризмот за која многу се зборува, но некако тешко да стигне до Македонија.

Тимот на Кајак.мк не останува само на промоција. Овие луѓе редовно се вклучуваат во турите и тим-билдинг настаните кои ги организираме, со цел да им дадеме директна поддршка и видливост.

Една таква приказна која дефинитвно ќе ја поддржуваме во иднина, земајќи предвид дека е наша екслузивна авнтентична тура и искуство е од Берово. Од срцето на Малешевијата, а тоа е приказната на семејството Биљарски. Ваквата приказна започнува да се развива во 2015-та година, кога Методи Биљарски одлучува својата љубов кон природата да ја претвори во животна мисија, а тоа е да создава здрави локални производи наменети за секоја возраст.

Од денеска достапна тура со Биљарски, која можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Приказната која денес го носи називот „Биљарски“ започнала со еден производ – боровиот сируп. Инспириран од старите рецепти што со генерации се користеле како природен лек за дишните патишта и за зајакнување на имунитетот, токму овој производ станал темелот врз кој постепено Методи го градел брендот.

„Ова никогаш не го гледав само како бизнис. За нас ова е семејна приказна и начин да ја зачуваме традицијата и природата што ја имаме околу нас,“ вели Методи Биљарски.

Денес зад брендот стои целото семејство – Методи, неговата сопруга и нивните деца, кои заедно учествуваат во секој сегмент од производството.

„Почнавме со идеја да создадеме нешто природно и корисно за луѓето. Реакциите од потрошувачите ни покажаа дека сме на вистинскиот пат,“ раскажува Методи.


Фото: Антонио Јанески

Семејстовот Биљарски функционира во Малешевскиот регион, со седиште во Берово – место познато по чистиот воздух, недопрената природа и богатството од лековити билки и шумски плодови. Производството и продажбата се одвиваат на четири локации во Берово, а производите се достапни низ цела Македонија преку соработници и онлајн продажба.

Во понудата на Биљарски денес има природни сирупи, мармалади и слатко од шумски плодови, мед и медни производи, природни коктели и природни лекови – сите создадени од внимателно одбрани плодови од Малешевијата.


За помладата генерација во семејството, оваа приказна е продолжение на традицијата.

„Ние пораснавме со ова. Од мали сме дел од процесот – од собирање на плодови до подготовка на производите. За нас е важно да го задржиме тој семеен дух и квалитетот по кој луѓето нè препознаваат,“ вели Бојан Биљарски.


Фото: Антонио Јанески

Токму во тоа е и разликата. Во време кога производството често станува индустриско и безлично, кај Биљарски секој производ минува низ рацете на семејството.

Од овие причини, тимот на Кајак.мк создаде уникатна понуда, искуство кое вие можете да го резервирате преку нашата платформа и да го посетите семејството.

Доколку сакате да резервирате уникатно искуство со семејството Биљарски, се што треба е да кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.