Автентична тура на Беровско Езеро: Вкусот на Малешевијата
500.00 ден
Автентична тура на Беровско Езеро: Вкусот на Малешевијата. Доколку сакате да го резервирате ова искуство потребно е да селектирате датум на кој сакате да се реализира ова уникатна гастро прошетка и да пишете во барањето за колку лица сакате да резервирате. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупна цена по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Возрасни туристи: 500 – 700 денари по лице
- Ученици / групни посети: 350 – 450 денари по лице
- Цената варира од вкупната бројка на гости и секако се што би се вклучило во понудата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до беровско езеро
- Дополнителна храна
Автентично дегустациско искуство со семејството Биљарски – Беровско Езеро
Ексклузивно искуство кое може да се резервира преку Кајак.мк
Доживејте ги автентичните вкусови на Малешевијата преку уникатно дегустациско искуство со семејството Биљарски – локални производители познати по своите природни сирупи, мед и традиционални рецепти инспирирани од планината.
Сместено покрај мирните брегови на Беровското Езеро, ова искуство им овозможува на посетителите да се запознаат со локалната традиција, да дегустираат домашни производи и одблиску да ја слушнат приказната на едно семејство кое создава автентични вкусови од природата.
Природно. Традиционално. Еколошки чисто. Подготвено по врвна домашна рецептура.
За искуството
Времетраење: 45 – 60 минути
Локација: Беровско Езеро, Малешевски регион
Домаќини: Семејството Биљарски
Што опфаќа искуството
1. Добредојде и кратка презентација (15 минути)
Гостите се пречекуваат на дегустацискиот штанд покрај езерото, каде домаќините ја раскажуваат приказната за семејството Биљарски, нивната љубов кон природата и почетоците на нивното производство на природни производи.
2. Дегустација на природни производи
Следува дегустација на дел од најпрепознатливите производи на семејството:
-
Традиционален боров сируп
-
Малешевски мед
-
Два вида домашно слатко од шумски плодови
За време на дегустацијата, гостите ќе слушнат повеќе за природните состојки, традиционалните методи на подготовка и придобивките од овие производи.
3. Кратка шумска прошетка покрај езерото (20 минути)
Искуството продолжува со лесна прошетка по шумската патека покрај Беровското Езеро, каде домаќините раскажуваат интересни приказни за борот, планинскиот екосистем и природните богатства на Малешевијата.
4. Фото пауза и втора дегустација
Следува кратка пауза за фотографии со поглед кон езерото, а потоа и уште една дегустација со домашен природен сок, топол разговор и многу насмевки.
5. Враќање на штандот
Искуството завршува повторно кај дегустацискиот штанд, каде посетителите можат да постават прашања, да купат производи и да се запознаат подобро со локалната традиција.
Цена
-
Возрасни туристи: 500 – 700 денари по лице
-
Ученици / групни посети: 350 – 450 денари по лице
Дополнителна понуда
„Biljarski Gift Tasting Box“
Посетителите имаат можност да купат и мала дегустациска кутија – Biljarski Gift Tasting Box, совршен сувенир од Малешевијата која содржи:
-
Мини боров сируп
-
Малешевски мед
-
Домашно слатко
Мала кутија исполнета со автентичните вкусови на Малешевските планини.
ЛОКАЦИЈА