25.03.2020

9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!

9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!

9 начини да ги научите вашите деца за светот без да го напуштите домот!

Штом го читате Кајак.мк вие сигурно сакате да патувате. Нашата платформа е единствената од ваков карактер во нашата земја која нуди секакви решенија за патување, а ги агрегира сите понуди од сите туристички агенции на едно место. Дали сакате да патувате низ светот со вашите деца, но се наоѓате ограничени со финансии, училишни одмори и, сè повеќе, грижа од влијанието на кронавирусот врз вашето семејство?

Ние ви нудиме совети за тоа како да го едуцирате повеќе вашето дете околу патувањата и географијата.

1. Прочитајте книги со факти и атласи
Сигурно многумина од вас дома се уште ја чуваат книгата „Илјада зошто, илјада затоа“. Интересна книга која содржи точни податоци за многу важни места во светот. Воедно, кој рече дека Атласот не е кул? Ова е вистинското време да го отворите вашиот стар атлас и да му покажете на важето дете доста битни работи и градови во него.

2. Оставете ги да бидат креативи
Дозволете им на децата да креираат нови кајаци, да ги пловат во купатилта. Дозволете им да прават хартиени авиони, да цртаат, лепат, да формираат животински царства.

3. Направете кулинарска турнеја
Дали има подобар начин да запознаете друга култура ако тоа не го правите преку нејзината храна? Ако не можете да добиете искуство од прва рака и да ги дегустирате овие традиционални специјалитети во друга земја, тогаш направете ги дома. Интернетот е доста од корист кога станува збор за готвење. 

4. Звуците на музиката
Запознајте го вашето дете со Ману Чао. Од каде овој изведувач потекнува? Зошто е толку специфична неговата музика и прашајте го што кај него овие звуци пробудуваат? Вториот ден нека биде друг изведувач кој во својот ритам го има вметнато традиционалното.


5. Обидете се со јазични апликации и квизови преку Интернет
Со апликации и игри има многу можности да научите додека се забавувате. Селектирајте држави, погодувајте знамиња, химни, животни и друго. Duolingo (за изучување јазик), DimDomWorld Map за држави. Благо ви ги препорачуваме.

6. Вклучето го телевизорот на документарни серии
Денеска совршена можност ви е да го конектирате вашиот компјутер со телевизорот. Новинската агенција „
VICE“ располага со доста интересни документарни емисии за возрасни, а има и доста едукативни канали за најмладите.

7. Купете сложувалка
Има доста сложувалки кои може да ги поседувате како мали, а може и да му подарете на вашето дете. Порачете ја преку инетернет, без да излегувате надвор.

8. Примете го вашето дете да фантазира
Облечете го како грците од античка грција, направете му меч, дадете му идеа дека живее во одредено време и место.

9. Брза географија
За крај, ви препорачуваме да го тестирате знаењето на вашето дете преку играта на која секој ќе сака да се приклучи.


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Најдобрите филмови и серии за патување кои треба да се погледнат во моментов

7 начини како да патувате без напуштање на домот

Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.

Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!

Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река

Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини

Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк

Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.