15.10.2025
Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular
Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular
Кајак.мк секогаш ги лови новите локални херои кои заслужуваат поддршка и помош! Ние го користиме туризмот како алатка да им помогнеме на сите локални херои! Мораме да признаеме дека во 2025-та година во Македонија ни се случија многу лоши работи, но ова почитувани читатели, патувачи и следбеници, е еден позитивен момент кој треба да ни биде водилка за како да помагаме онаму каде што треба.

На 12 октомври Македонија го доби првиот тим билдинг со
вистинска цел – помош за бездомните кучиња згрижени во новиот „Ранч за кучиња
Кањон“ во Демир Капија, инспиративна
приказна која ја отвори американката Трејси, која одлучува да се пресели во
Македонија и да отпочне една ваква хумана мисија.
Овој настан не само што ја покажа силата на тимската работа,
туку и човечноста која стои зад неа.
Овојпат, компанијата Singular, препознатлива по своите општествено одговорни активности, одлучи да го направи својот тим билдинг на поинаков начин – со донација од 350 килограми храна за бездомните кучиња кои живеат во ранчот. Но, тоа не беше сè: заедно со локален водич и неколку од кученцата, тимот на Singular ја реализираше првата тура со бездомни кучиња што некогаш се одржала во Македонија.

Каде хуманоста станува авантура
Нема ништо повозвишено од тим кој работи заедно за добро
дело. Кајак.мк со овој настан отвора ново поглавје во концептот на тим билдинг –
активности кои не градат само меѓучовечки односи, туку и подобар свет за сите
живи суштества.
Ранчот Кањон моментално функционира без поддршка од државни институции или компании, па затоа оваа донација претставува првата директна помош што ја добил. Ова е само почеток на една инспиративна приказна во која веруваме дека ќе се вклучат многу други компании и групи кои сакаат да направат разлика.

Тим билдинг што менува животи
Доколку и вие сакате да бидете дел од ваков настан,
запомнете: вистинската вредност на учеството не е во промоцијата, туку во искрената
желба да се помогне.
Хуманоста не е маркетинг, туку избор – избор кој гради подобра заедница.
Благодарност
Голема благодарност до тимот на Singular што повторно покажа
како изгледа вистинската општествена одговорност – креативно, авантуристички и
со срце.
Со нив започнавме нешто ново. Со вас, ќе го продолжиме.
| За оние групи/компании кои се заинтересирани за едно вакво искуство, отсега на Кајак.мк може да најдат опција за резервација на еднодневна авантура која како пакет може да вклучи организиран превоз, донација на храна и средства, дружење и обука за кучињата, тура со локален водич и кучиња, како и ручек во локална винарија по ранчот. Сите заинтересирани може да ни испратат барање со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.