17.03.2020
Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.
Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.
Бидејќи повеќето
земји веќе воведоа мерки за затварање на границите и ставање во карантин цели
градови и области, ние успеавме да уловиме информации од три лица во Италија
кои ги споделија своите искуства, пишува LonleyPlanet.
Benedetta Geddo is living in Piedmont © Benedetta Geddo
Бенедета Геддо, Пиемонт
Поминаа 6 дена од
последниот пат кога излегов од дома. Послениот ден надвор го поминав во теретана
и нашата вообичаена петочна семејна вечера надвор од домот. Бев потполно свесна
дека ова ќе биде мојот последен „нормален“ ден. Наредниот ден веќе беше
прогласена црвена зона во мојот регион, а во понеделникот тој статус беше
проширен и за остатокот од Италија. Сега имаме многу поостри мерки од нашата
влада. Само аптеки и маркети работат. Се осеќам како да глумам во некој филм во
кој се случува целосна катастрофа. Не знам како да го опишам ова.
За ситуацијата
кај нас сигурно слушате од медиумите- излегувањето од дома во суштина е
забрането, освен ако не се работи за набавка на основните намирници за исхрана,
да се појде до аптека или работа. И да сакам да прошетам надвор од домот, ме
фаќа страв. Празните ѕидови, пустите улици, само дополнително ми влијаат врз
мојата психа. Она што најмногу ме плаши се моите баба и дедо коишто живеат во
друг град. Забратено ни е преселување од дома. Не сакам и да мислам на фактот
дека најстарите лица се најмногу изложени на лошите ефекти од коронавирусот. Не
сакам ниту да мислам за социјалната, економска и политичка иднина на нашата
земја.
Всушност јас сум
една од посреќните во Италија. Живеам во куќа во која има двор, па можам да
излезам надвор и да дишам свеж воздух. Часовите од теретана ги оддржувам дома,
па наместо тегови, користам пакети полни тестенини. Кафето наместо во кафуле го
пиеме на FaceTime, а на ист
начин ја практикуваме и јогата.
Alexandra Bruzzese is based in Rome © Emma Law
Александра
Бруззи, Рим
Веста за ширењето
на коронавирусот го преправи Рим многу брзо и агресивно. Во време кога
ситуацијата во северот на Италија ескалираше, Рим не сакаше ни да слушне да ги
затвори своите објекти позади решетки. Се активираше хаштагот #RomaNonSiFerma
или #RomeWontStop, а угостителите работеа. Сега се срамам
кога ќе се сетам дека во саботата бев на ручек со пријателите, на изложба и
излегував вечерта. признаам дека изминатата сабота отидов на ручек со
пријателите, се упатив кон изложба, а потоа зграпчав пијалоци навечер.
Во неделата наутро ограничувањата се зголемија. Ни забранија да излегуваме од
дома, мораше да оди само по еден од семејството и тоа само доколку има потреба
до супермаркет или аптека. Тие коишто престојуваа надвор, мораше да имаат
соодветни документи и потврди поради кои се надвор. И покрај тоа што верувам
дека здравјето е најважно пред се, не можам никако да помогнам освен да останам
дома. Не ми се верува дека ова ќе има влијание на нашата економија и туризмот.
Што се однесува
до мене, јас сум во ред. Мојата работа се извршува и од дома. Имам доволно
храна и WIFI и NetFlix, а најважно од се имам многу книги. Работите
можеа да бидат многу многу полоши, среќна сум што сум дома и соработувам во
борбата против овој вирус. Мојот совет е и другите да останат дома. Не е
навистина фер, да се ризикува и патува по секоја цена или да злопупотребуваме
нискобуџетни летови до Барселона. Она што во моментов го знаеме сите, е фактот дека многу пекари работат online.
Можете да порачате од дома и да ви
достават.
John Fullman is based in Tuscany © John Fullman
Џон Фулман,
Тоскана
Живеам во мало
селце Абока во близина на градот Сансеполкро во источна Тоскана во поголемиот
дел од годината. Кај нас во селото луѓето го купија буквално цел маркет кој
беше уредно снабден со свежа храна.
Сите продавници
имаат известувања за купувачите да ја држат препорачаната дистанца од еден
метар, но и од вработените во продавницата. Персоналот на продавницата е
опремен со ракавици, а некои носат и маски за лице. Кај нас е доста мирно. Училиштето
е затворено. Се е тивко. Она што е чудно е поставеноста на чувари на влезовите
од супермаркетите за да оддржување безбедност во продавниците.
Луѓето се
самоизолираа. Некои работат од одма. Кај нас се коментираат и некои луѓе коишто
имаат коронавирус. Се зборуваше за едно лице 56 годишен маж дека го има
вирусот. Не знам никој што го познава.
Јас функционирам
сосема нормално бидејќи мојата приказна е поинаква. Одалечен сум доволно од
градот, а околу мене нема никој. Мојот најблизок сосед е скоро на една милја
одалечен од мене. Луѓето овде во
Сансеполкро се чини дека ја слушаат владата и продолжуваат со нивните животи
најдобро што можат, без никакви расправи.И на крај, би
сакал да додадам дека тука сум сам. Во февруари купив кутре. Ми беше потребно
многу време додека го купам . Од документи за патување, вакцинирање за беснило.
Она што ми е најмногу жал е тоа дека ќе морам да го прославам роденденот овде
сам. Мојот авионски билет ќе пропадне, меѓутоа морам да го прифатам фактот дека
треба да останам каде што сум . Среќен сум што го имам Били, моето куче, кое
дефинитвно ќе ме дружи во овој осамен период.
Насловна фотографија: Three people living in lockdown in Italy share their experiences © Elena.Katkova / Shutterstock
ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!
ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!- СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово