05.02.2026

Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините

Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините

Пред да продолжите да ја читатете приказната, сакаме да ве информираме дека истата е преведена на 20 јазици, па доколку сакате да направите нешто добро денеска за Македонија, можете да ја споделите приказната на вашите социјални мрежи на јазикот на земјата во која престојувате. Само така би докажале дека и во Македонија има убави и позитивни нешта. Другите јазици се достапни со еден клик ОВДЕ.

Во време кога дефицитот на квалитетна и еколошка храна станува сè поизразен, приказната на Филип Димкоски нè потсетува дека решенијата не мора секогаш да бидат сложени — понекогаш започнуваат со едно семе, малку знаење и многу љубов кон природата. Денеска, Кајак.мк ќе ве одведе во градината на Филип, која за нас е уште една мотивирачка приказна, вредна за поддршка, споделување, прекраскажување и соработка.

Филип е агроном, новинар и едукатор. Тој е сопственик на „Градината на Филип“, простор каде што земјоделството не се гледа само како производство, туку како процес на учење, споделување и создавање подобар однос со храната што ја консумираме.


Филип работи како средношколски професор по земјоделски предмети, а во 2024 година започнува сопствен онлајн курс по биоградинарство — како одговор на сè поголемиот интерес за домашно градинарство и недостатокот од практична едукација и вистинска мотивација.

„Нема поблагородно од производство на храна, а уште поголем мотив е да научите некого да го прави истото“, вели Филип.


Неговите предавања не се засноваат на апстрактна теорија. Напротив — тие се изградени врз лични искуства, експерименти, успеси, но и неуспеси.

„Во градинарството нема грешки. Сè се обиди кои нè учат како да надминеме одредени препреки.“

Во „Градината на Филип“ целиот циклус поминува лично низ него — од набавка на семе, производство на расад, сеење и садење, до наводнување и одржување. Тоа е работа без пауза и без рутина.

„Секој ден ми е различен. Немам време за досада — и тоа ми годи“, ни раскажува Филип.

Иако физички напорна, оваа работа му носи чувство на сигурност и автентичност кога предава, бидејќи зад секој совет стои лично искуство.


За Филип, најголемата награда не е неговата сопствена градина, туку моментот кога ќе види дека некој што го следел неговиот курс започнал своја.

Тој ужива во сè што прави, но особено во создавањето нови почетоци кај други луѓе. Поддршката од татко му, пријателите и соработниците му дава дополнителна сила да продолжи по овој пат.

Иако често се гледа само романтичната страна на производството на храна, Филип реално предупредува дека дефицитот на квалитетна еколошка храна е сериозен и растечки проблем. Земјоделството, според него, е стара човечка вештина која во последните децении е маргинализирана, но неизбежно повторно ќе стане централна.

„Современиот човек мора да се освести и да ѝ се врати на природата. Секој човек во себе го носи генот на земјоделецот — само треба да го разбуди.“


Со купувањето земја и куќа во 2020 година, Филип го остварува својот најголем детски сон. Денес живее во склад со природата, со многу идеи за развој на градината и нови едукативни методи — но без брзање. Сè во свое време.

Неговата желба е едноставна: што повеќе луѓе да се приклучат во процесот на производство на сопствена храна.

„Ако навистина сакате да направите нешто — изговори не постојат.“

Можеби токму оваа приказна е вашиот поттик да започнете — со мала градина, со неколку растенија или со првиот чекор кон поодржлив начин на живот.

Сакаме да ве информираме дека истата е преведена на 20 јазици, па доколку сакате да направите нешто добро денеска за Македонија, можете да ја споделите приказната на вашите социјални мрежи на јазикот на земјата во која престојувате. Само така би докажале дека и во Македонија има убави и позитивни нешта. Другите јазици се достапни со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија