25.06.2026
Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија
Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија
Најдобрите тим-билдинг патувања не се случуваат во хотелските сали. Тие се случуваат таму каде што живее вистинската Македонија.
Во Кајак.мк не организираме обични тим-билдинг патувања.
Создаваме автентични искуства кои ги поврзуваат луѓето со локалната традиција,
гастрономија и занаетчиство.
Нашите гости ги отвораат вратите на македонските
домаќинства, каде што храната не доаѓа од мени – туку директно од домашната
кујна. На трпезата ги пречекуваат домашни сирења, кашкавали, традиционални
специјалитети и сезонски производи подготвени од локалните семејства.
Но, тие не се само гости – тие стануваат дел од приказната.
| Доколку сакате да испратите барање за организирање на тим билдинг патување, кликнете ОВДЕ. |
Заедно со локалните домаќинки учат да сучат кори и сами
подготвуваат автентични охридски специјалитети преку интерактивни Cooking
Classes, каде што секој учесник го чувствува духот на македонската кујна.
Пред нивните очи се пржи свежа локална риба, се подготвува традиционална македонска ракија, а преку интересни дегустации и презентации ја откриваат богатата историја на македонското вино и винската култура која со векови се негува на овие простори.

Во чашите секогаш се служи локално, внимателно избрано и
квалитетно македонско вино, а секој залак и секоја голтка раскажуваат приказна
за местото што го посетуваме.
Кајак.мк организира тим-билдинг и друштвени патувања во
кои директно ги вклучува локалните производители, семејни домаќинства и
занаетчии. На овој начин не само што создаваме незаборавни корпоративни
искуства, туку директно придонесуваме за развојот на локалната економија и
руралниот туризам.
Веруваме дека најсилните тимови не се создаваат само преку
заедничка работа, туку и преку заеднички доживувања. Затоа секоја наша програма
носи нови луѓе, ново село, нови вкусови, нови приказни и нови спомени, затоа
што Македонија секогаш има нешто ново да понуди.
За сите заинтересирани и сериозни компании кои размислуваат за соработка, контактирајте нè на: [email protected]
Повеќе фотографии од гастро тим билдинг настанот во регионот на Охрид, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!