Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Тим билдинг во Охрид

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија.

Најдобрите тим-билдинг патувања не се случуваат во хотелските сали. Тие се случуваат таму каде што живее вистинската Македонија.

Во Кајак.мк не организираме обични тим-билдинг патувања. Создаваме автентични искуства кои ги поврзуваат луѓето со локалната традиција, гастрономија и занаетчиство.

Нашите гости ги отвораат вратите на македонските домаќинства, каде што храната не доаѓа од мени – туку директно од домашната кујна. На трпезата ги пречекуваат домашни сирења, кашкавали, традиционални специјалитети и сезонски производи подготвени од локалните семејства.

Но, тие не се само гости – тие стануваат дел од приказната.

Заедно со локалните домаќинки учат да сучат кори и сами подготвуваат автентични охридски специјалитети преку интерактивни Cooking Classes, каде што секој учесник го чувствува духот на македонската кујна.

Пред нивните очи се пржи свежа локална риба, се подготвува традиционална македонска ракија, а преку интересни дегустации и презентации ја откриваат богатата историја на македонското вино и винската култура која со векови се негува на овие простори.

Во чашите секогаш се служи локално, внимателно избрано и квалитетно македонско вино, а секој залак и секоја голтка раскажуваат приказна за местото што го посетуваме.

Кајак.мк организира тим-билдинг и друштвени патувања во кои директно ги вклучува локалните производители, семејни домаќинства и занаетчии. На овој начин не само што создаваме незаборавни корпоративни искуства, туку директно придонесуваме за развојот на локалната економија и руралниот туризам.

Веруваме дека најсилните тимови не се создаваат само преку заедничка работа, туку и преку заеднички доживувања. Затоа секоја наша програма носи нови луѓе, ново село, нови вкусови, нови приказни и нови спомени, затоа што Македонија секогаш има нешто ново да понуди.

За сите заинтересирани и сериозни компании кои размислуваат за соработка, контактирајте нè на: [email protected]

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар