Донирани нови 200 дрвца од Rhino Entertainment

Тим билдинг во Охрид

Донирани нови 200 дрвца од компанијата „Rhino Entertainment“ кои ги искористија придобивките од активниот туризам во Охрид и регионот

Уште една убава приказна се испиша на ѕидот на Кајак.мк. Овојпат приказната ја склопивме на 6 различни локации во еден регион, а тоа е регионот на Охрид.

Нашиот тим е среќен што ги запозна вработените на компанијата „Rhino Entertainment“, луѓе кои се покажаа како вистински ентузијасти кои знаат како да ги искористат предностите кои ги нуди домашниот туризам.

Од летање со параглајдинг, нуркање во Охридско езеро, истражување на крајбрежјето со „SUP даски“ и кајаци, возење ATV мотори по off-road патишта, картинг за најбрзите и уникатна херојска тура низ Охрид. Така ни започна денот во Охрид, а ни заврши со рукеч во Горно Коњско со препрасен поглед кон езерскиот хоризот.

Компанијата „Rhino Entertainment“ од денеска е дел од еко- семејството на Кајак.мк. Компанијата донираше 200 нови дрвца за пошумување, а кои дрвца ќе ги засадиме заедно за време на есенската сеидба.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment