Донирани нови 200 дрвца од Schneider Electric преку тим-билдинг во Охрид

Тим билдинг во Охрид

Тим билдинг агендата ни овозможи да прошетаме низ убавините на село Куратица, каде не пречека нашиот домаќин Горан, кој за нас претставува локален херој кој вложува сè за поширока промоција на селото.

Последниот тим билдинг го организиравме на компанијата Schneider Electric чии претставништва од Македонија, Косово и Албанија се стретнаа на Охрид. Среќни сме што запознавме луѓе од различни земји но со една иста визија.

Тим билдинг агендата ни овозможи да прошетаме низ убавините на село Куратица, каде не пречека нашиот домаќин Горан, кој за нас претставува локален херој кој вложува сè за поширока промоција на селото.

Покрај традиционалниот ручек кој имавме можност да го дегустираме во селото, групата имаше прилика да ја реализира турата „Мазатар Бајрак“ со 4x4 џипови се до највисоката точка од каде се гледаат двете прекрасни Охридско и Преспанско езеро.

Покрај сафати турата, овде беа и незаменливите тури со едрилици по Охридско езеро, посетата на св. Наум, како и кајакарските тури преку кои може да се ужива набљудувајќи го брегот на езерото.

Со овој тим билдинг компанијата донираше нови 200 дрвца кои ќе бидат засадени за време на есенската сеидба. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment