23.06.2026
Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!
Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!
Сите ексклузивни новости од домашниот туризам секогаш први ги дознавате на Кајак.мк!
Кајак.мк не е само платформа за онлајн резервации. Кајак.мк
е создаден да го промовира македонскиот туризам, да ги открива најубавите
домашни приказни и да им даде шанса на локалните домаќини да стигнат до
илјадници патници. Со секоја ваша онлајн резервација не само што си
обезбедувате незаборавен одмор, туку директно придонесувате за развојот на
македонскиот туризам и за зајакнување на домашната економија.
Токму затоа денес ве водиме во регионот на Македонска
Каменица, каде далеку од градската бучава, скриена меѓу овоштарници, зеленило и
осоговските ридови, се наоѓа една дрвена куќичка која нема да ви понуди само
сместување. Ќе ви понуди мир.
Ова не е место каде ќе брзате да посетите десет атракции во еден ден. Ова е место каде ќе заборавите колку е часот.

| Сите информации за куќичката можете да ги дознаете со еден клик ОВДЕ. |
Внатрешноста на куќичката е целосно изработена од дрво и создава чувство на топлина уште при првиот чекор. Големиот стаклен ѕид го внесува природниот пејзаж директно во дневната соба, додека дрвената печка создава атмосфера која ретко може да се доживее во класичните сместувања. Двете спални соби, комплетно опремената кујна, удобниот дневен престој и приватноста што ја нуди целиот имот ја прават идеална за семејства, парови или друштво кое сака вистински да се одмори.

Во близина се наоѓа Калиманското Езеро, река, пешачки и
планинарски патеки, а околината изобилува со чист воздух и недопрена природа.
Сè што ви е потребно е на неколку минути со автомобил, но кога еднаш ќе
пристигнете, најверојатно нема да посакате да заминете.
Ова е токму оној тип на места кои Кајак.мк сака да ги
открива – уникатни домашни приказни, создадени од луѓе кои со љубов вложуваат
во македонскиот туризам.
Ако ова лето не ви треба уште едно патување, туку вистински
одмор, тогаш оваа дрвена куќичка ве чека.
Резервирајте го вашиот престој брзо и едноставно преку Кајак.мк и бидете дел од платформата која секојдневно ги открива најубавите сместувања во Македонија, ги поврзува патниците со локалните домаќини и покажува дека најубавите приказни понекогаш се наоѓаат токму дома.
| Сите информации за куќичката можете да ги дознаете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!