09.04.2020
Водич во карантин: Неверојатни факти за Индија!
Водич во карантин: Неверојатни факти за Индија!
Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска ја имаме Индија со главниот град Њу Делхи.
Индија е едно од оние места за кои некои сонуваат да ги посетат, додека пак други со сомнеж гледаат кон целата таа авантура. Во секој случај, ова е фасцинантна земја преполна со интересни нешта кои чекаат на вас да ги откриете, пишува лејдибук.мк
Sylwia Bartyzel
Индија има многу повеќе од пријатна клима и сиромаштија. Ова е најголемата демократска земја во светот, со 1.2 милиони жители има неверојатно богата култура и историја. Пред инвазијата на Британците во 17ти век, Индија била најбогата земја во светот. Глетките, звуците и боите се неверојатни, а луѓето подеднакво фасцинантни - дефинитивно спаѓа во оние земји кои вреди да се посетат.
ВО ИНДИЈА СЕ ЗБОРУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 780 ЈАЗИЦИ НА ПРЕКУ ИЛЈАДА
РАЗЛИЧНИ ДИЈАЛЕКТИ
Најстариот жив јазик во светот е дијалектот од Тамил. Иако е тешко да се одреди
точната возраст на еден јазик, овој дијалект, кој има своја сопствена
граматика, дефинитивно спаѓа во групата на најстари живи јазици.
Дијалектите и јазиците кои се распространети на ова тло постојано се менуваат, а некои од нив и исчезнуваат, па така во изминативе 50 години исчезнале повеќе од 250 јазици.
Официјалните јазици кои се зборуваат во Индија се хинду и англискиот.
ФЕСТИВАЛОТ КУМБА МЕЛА Е НАЈБРОЈНИОТ МИРЕН СОБИР ВО СВЕТОТ
Во 2003 година на овој фестивал присуствувале повеќе од 120 милиони посетители.
Фестивалот преставува масовен аџилак кој се обележува така што хиндуистите се
собираат за да се капат во водите на светата река. Фестивалот се случува на
секои три години, на една од четирите локации - брегот на реката Годавари во
Нашик (Махарастра), на реката Шипра во Ујаин (Мадхиа Прадеш), на реката Гант во
Харидвар (Утараканд), и на спојувањето на трите реки: Ганг, Јамуна и Сарасвати
во Алахабад/Прајаг (Утар Прадеш), така што секое од местата е домаќин на
фестивалот на секои 12 години.
@shubph
ХИНДУ КАЛЕНДАРОТ ИМА 6 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
Тие се пролет, лето, (летен) монсун, есен, есенска зима (зимски монсун) и зима.
ПОВЕЌЕ ОД 11% ОД ЗЛАТОТО ВО СВЕТОТ ИМ ПРИПАЃА НА ИНДИСКИТЕ
ДОМАЌИНКИ
Ова е поголем процент од златото кое заедно го имаат САД, Германија, Швајцарија
и Светскиот монетарен фонд. Во Индија златото е симбол за просперитет, чистина
и добра среќа. Се подарува на свадби, на новороденчиња, фестивали (особено на
Дивали), и на прослави со повод, како на пример поради унапредување на работа.
Се проценува дека Индија има повеќе од 11000 тони злато, а државата не е
производител на злато туку го увезува. Златото се предава од генерација на
генерација, а количеството злато се зголемува со секоја наредна генерација.
Златото е неизмерно важен дел од свадбената церемонија: се подарува на
невестата и таа единствено располага со него. Тоа и обезбедува сигурност во
време на неволја или пак ако остане вдовица.
@littlej1428
МЕДИЦИНАТА Е ЗАСТАПЕНА ПОВЕЌЕ ОД 2500 ГОДИНА
Во Индија медицинските операции се познати уште од тоа време. Меѓу познатите
индиски доктори е Чарака - таткото на медицината, и Сушрута од Индија - таткото
на хирургијата.
КАМА СУТРА ПОТЕКНУВА ОД ИНДИЈА
Каме Сутра не е само текст во кој има секс пози. Всушност, таа треба да
претставува водич за тоа како човек да живее убав живот и да има добра карма.
Кама сутра во себе содржи многу поглавја за тоа како да се води добар живот,
како да се привлече животниот партнер и како да се биде добар партнер.
Храмовите во Кајухаро се покриени со скулптури и дела на кои се прикажани
еротски сцени. Во храмовите воедно се портретирани и уметности како танц и
музика. Иако во периодот од 9-ти до 12-ти век имало 85 храма, до денес се
останати 20. Полигамијата е легална во Индија и во оваа земја се наоѓа најголемото
семејство кое брои 39 сопруги и 94 деца.
Индија е колевка на четири големи религии: хиндуизам,
џаинизам, сикизам и будизам.
Најголемата религиозна група во Индија се хиндуистите, а втора по големина
муслиманите. Всушност, Индија е втората земја во која живеат најголем број на
муслимани. Само во Индонезија живеат поголем број муслимани. И покрај ова,
муслиманите сочинуваат само 15 % од вкупната популација во земјата.
ШАХОТ Е ИЗМИСЛЕН ВО ИНДИЈА
Шахот оригинално на санскрит се нарекува чатуранга.
ТАКШИЛА, ПРВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СВЕТОТ БИЛ ИЗГРАДЕН ВО
700 П.Н.Е.
Индија има дадено огромен придонес на полето на математиката и науката.
ИНДИЈА Е ВТОРА ЗЕМЈА ПО БРОЈНОСТА НА НАСЕЛЕНИЕ ВО СВЕТОТ, И СЕДМА ПО ПОВРШИНА
БОЛИВУД Е НАЈГОЛЕМАТА ФИЛМСКА ИНДУСТРИЈА ВО СВЕТОТ
Во Боливуд се продуцираат повеќе филмови (преку 800 филма годишно) и се купуваат повеќе билети за во кино (повеќе од 3.2. милиони годишно) отколку во која било друга земја во светот. Сепак, цените на билетите се толку ниски што Индија го нема најголемиот приход од кинематографија во светот.
@cgram2000
ВЕТЕРИНАТА КАКО НАУКА ПОЧНАЛА ДА СЕ РАЗВИВА ВО ИНДИЈА
Првиот познат тескт од областа на ветерината е познатиот текст Хаја ајурведа
напишан од специјалистот за коњи Шалихотра (роден во 2352 п.н.е.). Содржи
физиологија, анатомија, болести, третмани и хируршки техники.
Ibrahim Rifath
@photoripey
ВО МУМБАИ СЕКОЈ ДЕН ПРЕКУ 400000 ДАБАВАЛИ ДОСТАВУВААТ ПРЕКУ
100000 ОБРОЦИ НА ДЕН
Дабавали се превозници кои превезуваат оброци од домовите до работните места на
населението. Тие прават помалку од 1 грешка на 16 милиони луѓе. Тоа се многу
ручеци доставени на вистинските луѓе.
Foto cover: Извор: ladybook.mk
Патувачка кујна на Кајак: #2 Рецепт за Колката кати!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Најважните трендови во туристичката индустрија за 2026 година
Туристичката индустрија за 2026 година се менува брзо. Персонализацијата, автентичните искуства и дигиталните алатки се клучни за успешни тури, одржлив патувачки развој и незаборавни моменти за патниците.
Пролетно патување во Македонија – директни летови и персонализирани тури
Откријте ја Македонија оваа пролет. Лесно пристапна со директни летови од Европа, со kajak.mk можете да резервирате персонализирани тури, сместување, ресторани и автентични искуства за незаборавно патување.
Кампување во 2026: Нови трендови и автентични патувања во природа
Откриј ги најновите трендови за кампување во 2026 година и зошто сè повеќе патници избираат автентични доживувања, природа, слобода и локални искуства наместо класичен туризам.
Во охридско кафуле, секојдневието може да ви биде на различно ниво
Тимот на Кајак.мк секогаш ги препорачува уникатните места во Македонија каде што можете вистински да уживате и да го почувствувате духот на дестинацијата.
Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети
Тимот на Кајак.мк продолжува со раскажување на сите мотивирачки приказни на Македонците кои живеат во или надовр од Македонија. Нашата платформа „Macedonia Abroad“ прераснува во центар каде се испишуваат сите мотивирачки и позитивни приказни за нашите локални херои
Слободата на патување за граѓаните на Македонија | Henley Passport Index 2026
Според најновиот Henley Passport Index 2026, граѓаните на Македонија имаат пристап до околу 128-132 земји без виза. Дознајте како пасошот влијае на меѓународната мобилност, туризмот и можностите за патување.