15.04.2020

20 карантински форографии од празна Италија!

20 карантински форографии од празна Италија!

Италија е тешко погодена по појавата на коронавирусот. Бројката на смртни случаи е искачена над 20.000 лица, а економијата е во длабока криза. Бидејќи законот кој стапи во сила за Италија да биде во целосен карантин беше на 9-ти март, можеме да кажеме дека животот на италијанците не беше ништо друго освен ненормален. Но како што пишува писателот од Фиренца, Нико Сволоу: „Можеме да се надеваме дека работите ќе се поробрат порано отколку подоцна“.

Во наредните фотографии од Италија може да ги забележите ефектите на COVID-19 и карантинот, од чисти канали во Венеција, до празни плажи на брегот на Амалфи. Па и велигденската недела беше со празни цркви. Меѓу празните улици ќе надете и порака за надеж „andrà tutto ben“ (се ќе биде добро).


Европското знаме се вее над калан во Венеција на 8-ми април. Каналите во Венеција не биле толку чисти во изминатите 60 дена. 


Двете најпосетени локации во градот- Плоштадот Свети Марко и базиликата на Свети Марко се осамени на секое изгрејсонце. Пред вирусот, редиците пред влезот на базиликата беше огромен. 


Пјаца деи Мираколи и кривата кула на Пиза стојат осамени на 2-ри април - исклучително ретка слика, со оглед на тоа дека над 1 милион луѓе обично го посетуваат ова место во текот на една година. 


Напуштеното популарно село Позитано на италијанскиот врег Амалфи. Хотелите во околината го одлижија отватањето на сезоната до јуни или евентуално јули, како и сите ресторани и кафулиња.


Снимки од дрон од тотално напуштениот Колосеум, еден од многуте празни туристички дестинации во Италија.

Поглед кон островот Сан Џорџо Магиоре во Венеција за време на зајдисонце на 21-ви март, со празни улици и гондоли

Жители на Венеција гледат од своите прозорци на 20-ти март. Градоначалникот Луиџи Броуњаро изјави дека ќе се одложи туристичката такса која требаше да биде вметнета во новата туристичка сезона.

Брачен пар се слика на празниот плоштад „Пјаца дел Кампидоџолио“ кој е еден од најпопуларните јавни плоштади во Рим. Поради коронавирусот, новиот закон во Италија гласи дека само сопружниците треба да бидат на нивната свадба, без никој друг.

Шпанските скали се празни, слика фотографирана на 4-ти април. Скалите водат до  Тринита де Монти и се многу популарни кај сите туристи. Римската полиција започна да казнува луѓе со глоби до 450 долари за оние коишто ќе седнат на нив. Овој е нов закон од 2019-та година.


Низа купувачи чекаат да влез во супермаркет во Милано на 9-ти април. Поради вонредната состојба COVID-19, луѓето мора да стојат на одалеченост од 6 метри, а на влезот се скенира нивната температура.

Во градот Салерно на Велики Петок (10-ти април) владината Андреа Беланди својата миса ја реализирање низ градот.


Папата Фрањо сам на „Последниот ден на Исус Христос на Земјата“ на празниот плоштад „Свети Петар“ на Велики Петок. 

Бидејќи сите црковни служби беа откажани овој Велигден, еден пастор во Венеција ги замоли своите верници да донесат нивни фотографии и да ги посрават во црквите.


Папата Фрањо дели благослов од прозорецот на неговата приватна библиотека со поглед кон празниот плоштад „Свети Петар“ на 13-ти април. 

Италијанскиот тенор и оперски пејач Андреа Бочели вежба пред напуштената Пјаца дел Дуомо во центарот на Милано на 12 април, пред неговиот настап во живо, со цел да им помогне на луѓето да ја слават велигденската недела од дома. Кајак пишуваше за неговиот наста, а доколку сакате да го погледнете подоцна, кликнете ОВДЕ.

Постари жители ја набљудуваат традицијата „Палминова сабота“ од својот прозорец додека се служи миса на покривот на црквата „Сан Габриеле дел Аддолрата“ во Рим на 5-ти април. 

Празна плажа во Катанија на 13-ти април. Сицилија има едни од најпопуларните плажи во Италија. Во позадина се гледа планината Етна која е се уште поктиена со снег.


Плоштадот „Балдасаре Галупи“ во Бурано, дел од венецијанската лагуна е целосно празно на фотографијата наравена на 2-ри април. Познат е по своите светло обоени згради. Овој остров е популарен кај младите коишто сакаат да направат добри фотографии на инстаграм. 


Малкумина венецијанци користат ферибот за транспорт. Ова фотографија е направена на 18-ти март, една недела по прогласување на карантин во целата земја.


Пешак шета покрај затворените луксузни продавници и ресторани во Галерија Виторио Емануеле Втори, најстариот трговски центар во Италија и популарна туристичка дестинација во Милано.


Моле Антонелијана (кино музеј во Торино, честопати се смета за највисок музеј во светот) е осветлен со италијанското како оддавање чест на многуте жртви на пандемијата на коронавирусот на 31-ви март.
Сите фотографии се преземени од: Getty


Дали ви се допадна ова четиво? Ако одговорот е „ДА“ тогаш би сакале да ве замолиме да го споделите на вашите пријатели! Појдете најгоре на текстот и ќе забележите „SHARE“ во аголот! Поддржи квалитетни и културни објави. 


Можеби ќе ве интересира:

Бразил: Статуата на Исус „облечена“ во бел мантил

Водич во карантин: 6 прекрасни велигденски традиции во светот!

Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!

Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен

За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани

Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица

Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате

Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот

Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво

За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово