11.04.2020

Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!

Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!

Кога станува збор за посета на најдобирте туристички дестинации во светот, навикнати сме да се чукаме по колениците и да се бориме низ гужвата од туристи за да ја направиме најдобрата фотографија. Но поради коронавирусот, сликата не е веќе иста. Повеќето поголеми градови и обележја станаа целосно напуштени, давајќи му на светот пост-апокалиптичен изглед што е еднаков на мрачните хорор филмови. Автопати без автомобили во Малезија, Тајмс Сквер без луѓе, цркви и стадиони- празни! Тешко е да се замисли, па затоа ги објавуваме највпечатливите фотографии од туристичките места низ целиот свет.


Њујорк

Градските власти на Њујорк побараа од сите жители (освен одредени работници) да останат дома од 22 март, оставајќи иконични знаменитости како „Тајмс Сквер“ скоро празни. За ориентација треба да знаете дека дневно низ Тајмс Свер поминуваат приближно 380.000 пешаци. 


Рим
Италија беше една од првите земји кои влегоа во целосен карантин. Оттогаш, некои цркви остануваа отворени за индивидуални молитви, но јавните собири се забранети. Многу служби им се достапни на верниците преку пренос во живо, како оној што го водеше парохискиот свештеник во Римската црква Санта Марија (на сликата).

Ватикан
Ватикан ги следи политиките за карантин во Италија, затворајќи го влезот на Систенската капела, музеите на Ватикан и местата „Свети Петар“ кои обично се полнат со туристите.


Париз
Многу од најфреквентните места во Париз се затворени поради појава на коронавирус, вклучувајќи ја палатата Лувр и Версај. Највпечатливо затворање е исклучувањето на Ајфеловата кула - најпосетуваниот платен објект во светот.


Порто, Лисабон
Повеќе од 20.000 плочки ја украсуваат станицата Сао Бенто во Порто, која е скоро празна откако на 18-ти март беше прогласена вонредна состојба низ цела Португалија. Многу други станици, музеи и училишта се затворија поради пандемијата, а на се известени да останат дома до почетокот на април.


Рио де Жанеиро
Претседателот на Бразил, Болсонаро, доби многу критики за несериозноста поврзана со СОВИД-19, но гувернерот на Рио де Жанеиро сепак прогласи вонредна состојба на 17 март. Статуата на иконскиот „Христос“ е затворена за посетители, а обично преполните плажи како Копакабана и Ипанема (на сликата) се целосно празни.


Куала Лумпур, Малезија
Куала Лумпур - еден од најпосетуваните градови во 2019 година - во моментот има празни улици и автопати бидејќи жителите се целосно изолирани. 


Мека, Саудиска Арабија
Морбитна празнина ја обвива светата „Кааба“ во Големата џамија во Мека (најсветото место на муслиманите) од 6-ти март, каде присуството на петочните молитви беше лимитирано како мерка за заштита од коронавирусот. Покрај затворањето на џамиите, Саудиска Арабија ги затвори и училиштата и запре меѓународните летови.


Лас Вегас
На фотоградијата направена во Лас Вегас се гледа недостаток на возила и пешаци откако гувернерот на Невада на 17-ти март најави државно затворање на несуштинските бизниси (вклучувајќи казината). 


Вашингтон
Меморијалот на Линколн е празен откако градоначалникот на Д.Ц. Муриел Баузер најави затворање на сите несуштински бизниси и забрани собири на повеќе од 10 лица.


Чикаго
Скулптурата Бин во Милениумскиот парк во Чикаго е целосна празна од 21 март кога властите изјавија дека граѓаните треба да останат дома. Чикако ја откажа и позната парадаза Денот на Свети Патрик која требаше да се оддржи неколку денови порано.


Сан Франциско
Мал број автомобили се движат по мостот „Голден Гејт“ за работното време во Сан Франциско. 


Венеција
Каналите и улиците на Венеција имаат скоро надреален изглед! Фотографиите од чистите канали во градот кружат на интернет, при што луѓето можат да го видат дното на каналите!  (само не верувајте во гласините дека се појавија делфини во каналите).


Барселона, Шпанија
Ла Саграда Фамилија, обејктот што прима повеќе од 3 милиони посетители секоја година, затворена за јавноста и со прекин на изградбата почнувајќи од 13 март - еден ден пред цела Шпанија да биде во карантин.  Барселона успеа да внесе нова традиција исполнета со надеж во темнината, со тоа што граѓаните секоја ноќ во 8 часот  ракоплескаа на здраствените работници во градот.


Милано
Поголемиот дел од Милан е затворен уште од почетокот на март, од популарните атракции како Дуомо ди Милано до домовите. Локалните продавници и ресторани, исто така, се доста погодени поради недостигот на туристи. 


Истанбул
Во Истанбул, најголемиот град во земјата со население од 15,5 милиони луѓе, повеќето џамии, училишта и кафулиња на тротоарите се моментално затворени и празни.


Лондон
Мостот на Вестминстер, еден од најатрактивните дестинации во Лондон, е скоро празен од 23-ти март.


Берлин
Минувач ја фотографира празнината на скоро напуштената „Парисер Плац“ пред берлинската порта на Бранденбург, утрото на 23-ти март. 


Краков, Полска
Јато гулаби се собираат на празен плоштад на пазарот во Стариот град Краков, во близина на базиликата на Света Марија.


СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!


МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Плажите во Шпанија: Минатата година и сега

Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!

Луѓето во Индија можат да ги видат Хималаите за прв пат после децении

20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку

COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Најдобрите 8-ми Март понуди во Македонија – организирајте совршен ден со кајак.мк

Најдете ги најдобрите 8-ми Март понуди во Македонија и организирајте совршен ден со кајак.мк. Подарете незаборавно искуство со најдобрите сместувања, тури и идеи за прослава.

Во Македонија зборуваме за туризам, но дали доволно инвестираме во професионалци?

Во Македонија туризмот се развива, но дали доволно инвестираме во професионалци? Анализа за улогата на експертите во развојот на туристичките дестинации.

Дождлив викенд? Истражете винарија и дегустирајте вина

Откријте зошто овој викенд е совршен за винска тура во Македонија – дегустации, прошетки низ подруми, мирис на есен и можност за преноќување. Погледнете понуди на kajak.mk и одберете ја вашата идеална винарија.

Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно

Од корените до сонот: Македонска приказна што се служи со љубов во Кладно. Приказни на Кајак.мк кои заслужуваат да ги слоделите.

10 места што вреди да ги посетиш кога доаѓаш во Скопје

Откријте го Скопје како локалец: разгледајте 10 најинтересни места, уживајте во автентична храна и погледнете на кајак.мк за да одберете тура која ќе го направи вашето патување незаборавно.

Струмички карневал 2026 – посетете ја Струмица доколку сте во Македонија

Посетете ја Струмица и доживејте го Струмичкиот карневал 2026. Живописни маски, музика, локални обичаи и гастрономија го прават овој карневал незаборавно искуство во Македонија.