19.02.2026
Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно
Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно
| Пред да започнете со читање на приказната ве информираме дека истата е достапна на 20 јазици. Доколку живеете далеку од Македонија, а сакате да ги промовирате овие убави приказни, би сакле да ги споделите на јазикот на земјата во која престојувате. За да ги погледнете преводите, кликнете ОВДЕ. |
Среќата и успехот не се мерат со географска ширина и
должина. Тие не зависат од тоа каде се наоѓаме, туку од тоа колку љубов и
посветеност вложуваме во она што го создаваме. Вистинскиот успех се раѓа тогаш
кога корените не се забораваат, туку се негуваат и се претвораат во инспирација
– во приказна што патува со нас, каде и да одиме.
Кајак.мк отсекогаш верува дека Македонија не завршува на
своите физички граници. Таа живее таму каде што сè уште се шири мирисот на
домашна кујна, каде што се слуша македонски збор и каде што срцето сè уште чука
во ритамот на татковината – дури и илјадници километри далеку од дома.
Денес ве запознаваме со приказната на Антонија Ѓорѓиева и нејзиниот сопруг Кире – луѓе кои ја донеле една од најтешките, но и најхрабрите животни одлуки: да ја напуштат Македонија и да го продолжат својот пат во Чешка. Во градот Кладно, каде денес создаваат нешто свое, искрено и автентично – место што мириса на дом.

Тоа место денеска се нарекува „Ракија Бар“ – ресторан и бар
што го носи името на најпрепознатливиот македонски пијалак, симбол на дружење,
топлина и традиција.
Антонија раскажува дека идејата за ваков простор се родила пред две години, кога нивната ќерка започнала да тренира во чешки фудбалски клуб, а дружењата со девојчињата и нивните родители постепено се претвориле во заеднички оброци, разговори и споделени балкански вкусови. Токму тогаш, со силна поддршка од сопругот и пријателите, Антонија ја добива храброста да го следи својот најголем сон – да изгради сопствена кулинарска приказна, зачинета со љубов, спомени и среќа од детството.

Иако „Ракија Бар“ се наоѓа на Komenskèho 404 во Кладно, штом
ќе зачекорите внатре, ќе се почувствувате како да сте далеку од Чешка.
Атмосферата ве носи некаде меѓу топлината на македонскиот дом, кујната на
мајките и мирисот на свежо печен домашен леб.
Просторот е уреден со многу љубов и трпение од самата
Антонија, со една единствена желба – барем за момент да заборавите дека сте
далеку од својот крај по кој сите ние, кога сме во странство, тивко копнееме.
Антонија со гордост вели дека Кире е нејзината најголема поддршка – човекот кој најмногу верува во неа и кој стои цврсто зад секој чекор од оваа приказна. Заедно, тие докажуваат дека кога љубовта и довербата се темелот, сè е возможно.

Менито на „Ракија Бар“ е вистинска ода на македонската и
балканската кујна. Денот започнува со традиционален бурек – појадок без кој,
како што велат, не поминува ниту еден вистински ден. Потоа следуваат пици,
скара што мириса на Балканот, домашен ајвар, кајмак, свежи македонски салати,
пиво и, секако, ракијата – пијалакот по кој барот го носи своето име.
„Ракија Бар“ не е само место за јадење и пиење. Тоа е жив доказ дека Македонија живее и надвор од своите граници. Дека традицијата не се губи, туку се пренесува. И дека со љубов, храброст и посветеност, секој сон може да си најде дом – дури и во срцето на Чешка.

Ние ќе продолжиме да ги раскажуваме и поддржуваме ваквите
приказни. Ваше е да ги посетувате, споделувате и поддржувате. А доколку сте
далеку од „Ракија Бар“, најмалку што можете да направите е да ја споделите
нивната приказна – можеби токму вие имате пријатели во или околу Кладно на кои
ќе им дадете совршена препорака за вкусен ручек или вечера.
„Ракија Бар“ можете да го заследите на Фејсбук со еден клик – ОВДЕ.
Ве информираме дека истата е достапна на 20 јазици. Доколку живеете далеку од Македонија, а сакате да ги промовирате овие убави приказни, би сакле да ги споделите на јазикот на земјата во која престојувате. За да ги погледнете преводите, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Elena Blazhevska
20.02.2026 23:15
Bravo Kire I Antonija vi posakuvam golem uspeh ,Ako vi trebaat ljugje so iskustvo tuka sum za podrska , mnogu se raduvam za vasata idea
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.
Ново на kajak.mk: Планинска вила со природен базен во срцето на Кожуф
Вила Кожуфски на планината Кожуф нуди современо планинско сместување со природен базен, билијард и Netflix кино искуство, идеално за семејства и мали групи во мирна природна средина.
Викенд дестинација што мора да ја видите: Лазарополе и Фестивалот на нарцисот
Овој викенд откријте една од најубавите планински дестинации во Македонија – Лазарополе на Бистра, каде цвета фестивалот на нарцисот и природата изгледа нереално.
Неделно откритие од Македонија: Спомен-костурницата во Велес како симбол на меморијална архитектура
Ова неделно откритие нè носи во Спомен-костурницата во Велес – монументален меморијален комплекс и пример на модернистичка архитектура што ја чува историјата на НОБ.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Домашен туризам во дигитална сенка: зошто младите гледаат кон светот, а не кон Македонија?
Додека светските туристички дестинации доминираат на социјалните мрежи, македонските природни богатства тешко стигнуваат до вниманието на младите. Зошто домашните приказни сè уште се борат со глобалните алгоритми?