17.04.2020
Кога ќе може повторно да се патува во Италија?
Кога ќе може повторно да се патува во Италија?
Со строгиот карантин којшто го воведе Италија, речиси сите патувања во земјата се во моментот невозможни- но кога би молеже најверојатно повторно да патуваме во ова земја?
Претседателот на Италија, Џузепе Конте минатата недела изјави дека строгите
мерки за карантин ќе бидат продолжени до 3-ти мај. По овој датум некои од
ограничувањата ќе бидат укинати, со што земјата влегува во „втора фаза“ на
карантин, односно ќе има олеснитeлни околности во движењето на италијанците. Во
моментот има многу малку информации околу плановите на владата за укинивање на
патните ограничувња.
Според она што е изнесено во јавноста еве што
знаеме:
Секое укинување на ригорозните мерки
ќе биде многу бавно и постепено, како што и предупредува Конте и останатите
министри дека земјата е се уште во опасност.
И покрај тоа што
сите во земјата вознемирено чекаат да ја „рестартираат“ економијата, туризмот
во Италија не се очекува да се врати во нормала во скоро време.
Секретарката на „Италијанскиот туризам“ Лоренца Бонакорски, минатата недела изјави дека во 2020-та година туризмот може да биде наводно “отпишен“.
Will the tourist crowds return to Venice this year? Photo: AFP
Каква е ситуацијата во Италија во моментов?
Во моментот-
траат на сила истите мерки за строг карантин и забрана за движење на
територијата на цела Италија до 3-ти мај.
Италија на некој
начин не забрани странски посетители да доаѓаат, а и повеќето италијански
аеродроми всушност се отворени, но сепак, трети фактори прават патувањето од и
во земјата да биде скоро невозможно.
Долг список на
авиокомпании ги откажаа дел или сите летови до и од Италија, а на бродовите
коишто служат за крстарење и превоз на патници им е забрането да транспортитаат
патници на италијанските пристаништа.
Некои од соседите
на Италија, вклучувајќи ја Австрија и Швајцарија, поставија големи ограничувања
за патувања преку преку своите граници.
Италија се
приклучи на остатокот на земјите од ЕУ кон средината на март во ограничување на
сите непотребни патувања надвор од Шенген зоната.
Во земјата
движењето од една област во друга област е дозволено само во итни случаи. Секој
кој го напушта домот (или местото на престој) мора задолжително да пополни
формулар на кој се изјаснува за причините, но и да се согласи дека не е
тестиран позитивно на новиот вирус КОВИД-19.
Секој што патува од еден регион во друг, мора да изјави дека ги разбира правилата на самоизолација (кои може да варираат во зависност од регионот од којшто доаѓаат но и во регионот во којшто ќе престојуваат). Возачите мора да се свесни дека може да се соочат со блокада од полицијата на влезот од градот, но и насекаде во земјата.
(Читак повеќе подоцна: Сликите кои покажуваат како коронавирусот ги промени каналите во Венеција)
За секој којшто
ќе се утврди дека дал лажна изјава ќе се соочи со парична казна до 3.000 евра
(во некои региони), а и можност за затворска казна.
Многу локални и
меѓуградски експресни возови во Италија се откажани, а локалниот јавен превоз во
градовите е со нов намален распоред.
Дали јас којшто
имам стално престојувалиште во Италија можам да се вратам дома?
Граѓаните имаат
право да патуваат во земјата или надвор од неа доколку се работи за здравствени
причини или за работа. Претходните неколку недели имаше можност за враќање во
своите живеалишта во Италија, но ова дозвола е отстранета на 25-ти март.
Официјалната
одлука на владата вели дека луѓето нема да може да се врата дома, освен ако се
работи за работа која не е во можност да биде пролонгирана (во доста крајни
случаи) или пак се работи за здраствени причини.
Од 25-ти март, исто така, новата одлука на владата вели дека „враќањето дома“ не постои како опција.
Italy's restaurants, bars, hotels and tourist businesses have had to shut down completely. Photo: AFP
Кога ќе заврши сето ова ова?
Јасно е дека патувањето во рамките на Италија не e предвид во наредните неколку недели. Што се однесува пак до кревањето на “железните решетки“ од домовите на граѓаните во Италија, и тоа е доста непредвидливо.
Италијанските
лидери изјавија дека ова ќе биде доста бавен и постепен процес и ќе зависи од
здравствената состојба на луѓето но и од тоа дали тие ќе продолжат да ги
почитуваат правилата.
Владата сè уште
нема објавено никаков официјален план или насоки за како земјата ќе се враќа во
нормала- иако веќе дозволи одредени бизниси да бидат повторно отворени од 14-ти
април, а во мометот при консултација со експертите од земјата се размуслува за
спроведување на втората фаза.
Во рамките на оваа втора фаза на карантин, велат министрите, Италија ќе треба да научи да „коегзистира со вирусот“ сè додека земјата не може да премине во „фаза 3“, кога ќе започне да се враќа во нормала.
Бидејќи
италијанските власти апелираат на голема претпазливост по бранот на
коронавирусот во кој животот го загубија досега околу 22.000 лица, не се
очекува промените да се случат наскоро.
Бидејќи шансите да оживее меѓународниот туризам до ова летна сезона се навистина мали, италијанските туристички работници се надеваат дека може да се фоскусираат на успешно спроведување на домашниот туризам.
(Читај повеќе подоцна: 20 карантински форографии од празна Италија!)
Летото без
патувања на плажа е незамисливо во Италија, па затоа сопствениците на
приватните кафулиња на плажа и рестораните кројат стратегија како да најдат
начин за спроведување на социјана дистанца на плажа и да ја отворат ова летна
сезона.
Но, „фаза 3“ се
очекува да биде кога меѓународното патување ќе се врати во живот, а туризмот ќе
почне да функционира во нормала.
Втората фаза,
која сè уште не е започната, се очекува да трае со месеци. Некои италијански
здраствени експерти предупредуваат дека Италија може да дочека „лето без
патување“.
„Втората фаза ќе трае подолго време. Не смееме да помислиме дека можеме да се вратиме во нормала во јули или август“, изјави Александро Веспињани, експерт за епидемиологија и ширење на болести, во телевизиско интервју во средата.
Naples. Photo: AFP
Може ли да патувам во Италија по 3-ти мај?
Во кратки црти,
звучи неверојатно. Но се зависи и од тоа каде доаѓате.
Сегашната забрана
за патување надвор од Шенген-зоната во Европа ќе остане на сила и по
олеснувањето на карантинот по 3-ти мај.
Ова е секако одлука
на ЕУ, што значи дека не е целосно во рамките на италијанските власти. Сè уште
не е познато колку долго ќе остане оваа забрана, но францускиот претседател
Емануел Макрон посочи дека може да биде до септември, а претседателот на
Европската комисија „Урсула фон дер Лејен“ ги предупреди луѓето да не ги
резервираат своите летни одмори.
Европските лидери се многу загрижени за ситуацијата во земјите, вклучувајќи ги и Соединетите држави, во кои сега има поголем број загинати од „Ковид-19“ отколку во Италија. Тие исто така се плашат од можноста за втор бран на нови случаи во Азија.
Italy's beaches remain off-limits until quarantine restrictions are relaxed. Photo: Alberto Pizzoli/AFP
Што е со патувањето во Италија за граѓаните со
европски пасоши по 3-ти мај?
Ова е се уште
нејасно.
Конте сè уште
нема дадено детали за идните владини планови за укинување или ублажување на мерките,
што е непознато за тоа дали ќе има релаксирани околности по ова прашање.
Авиокомпаниите продолжуваат со прекин на летовите кон и од Италија, а очигледно е дека нема да ги задржат редовните распореди на летови во зависнот од побарувачката на пазарот.
Инфо: https://www.thelocal.it/
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку
COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул
Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?
Низ фотографии: Како изгледат големите градови во светот за време на корона!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој
Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.
За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци
Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.
Нова планинска куќа во село П’клиште
Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.
Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево
Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.
Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна
Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.
Во Радишани се отвори нов ресторан со традиционална домашна храна
За скопјани и луѓето од околината кои бараат викенд гастро дестинации, треба да имаат до знаење дека во Радишани се отвори нов етно комплекс во кој се приготвуваат вкусни домашни локални јадења.