Лето на остров Скијатос 2024: Hotel Belvedere

Grcija
Цена од:

7,192.00 ден

Вклучено во цена:

  • 7 ноќевања во хотел Белведере (цени по лице)
  • Појадок во хотелот
  • Користење на базенот
  • Користење на клима
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
  • Целосна логистика при сместување и одјавување
  • Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Цените се изразени по лице

Не е вклучено во цена:

  • Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за туристичка такса
  • Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Летни аранжмани на Скијатос 2024. Хотелот се резервира исклучиво на термини кои можете да ги погледнете во табелата. Постои можност за дирекно да резервирате со он-лајн плаќање, а можете и да испратите барање за резервација. Исто така можете преку вибер.


Check In : 14:00
Check Out : 09:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Хотелот Белведере на Скијатос е во целосен закуп на ЕТА за лето 2024! Нови и модерни двокреветни соби во главната хотелска зграда и приватни бунгалови сместени веднаш до главната хотелска зграда кои нудат фасцинантен поглед кон заливот Ахладис и Егејското Море.

Летниот одмор на Скијатос добива нова димензија! Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.

Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет. Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.

Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината. Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни.

Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување