СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартмани во Аспровалта

Grcija
Цена од:

2,460.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • Минимална цена од вечер за апартман
  • Капацитет до 6 возрасни
  • Цените варираат во зависност од периодот
  • Греење/Ладење
  • ТВ
  • Јавен паркинг
  • Опремена кујна
  • Пешкири и постелнини

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Wi-Fi

Апартмани во Грција. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Апартманот се наоѓа на 150 метри од плажа и на 900 метри од центарот и градската плажа. Најблиската плажа која е на 150 метри е песочна и празна, идеална за ваши лежалки и чадори.

Апартманот има две спални соби, во секоја соба има еден брачен кревет и еден единечен кревет.

Во секоја од добите има по еден гардеробер и секоја од собите излегува на посебна поголема тераса.

Во апартманот има кујна, опремена со садови, мал шпорет за приготвување храна и добро функционален фрижидер.

Апартманот нема Wi-fi, но има можност за поврзување преку хотспорт или мрежа која е во околината.

Приватен паркинг нема, но бидејќи станува збор за комплекс од згради има место за возила пред зградата или на 10 метри од зградата како поголем простор.

Максималниот капацитет е за 6 возрасни лица.

Во апартманот има постојано топла вода со добар притисок, клима која совршено лади и топли, две големи тераси, околу апартманот има доста дрва, па наутро едната тераса има сенка, а попладне другата и не е премногу топло. Една од спалните и кујните излегуваат на една тераса,а другата спална излегува на друга тераса. Околината е мирна и тивка.

Нема ограничување за Check In и Check Out, но доколку во истиот ден се поклопува доаѓање на други гости одјавувањето и најавувањето е во договор со домаќините.

Клучот се подига од домаќините во договор со гостите.

Пешкири и постелнини не се менуваат, но има оставено во апартманот што гостите може да ги променат доколку имаат потреба од нови.

Дозволен е влез на домашни миленици. Во апартманот има простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Nada Stepanovska Sachkova

    02.07.2024 15:38

    Zainteresirana sum za od 10.08 za 4 vozrasni za 7 nokevanja

  • Beti Mihajlovska

    13.02.2024 18:49

    Dali ima mesto od 15 do 25 avgust za 2 voz i 3deca 17 .13.10 god i uste edna familija 2voz i 2deca 7 i 13 god

  • Sanja Danevska

    12.07.2023 16:56

    Za period od 28.7 do 02.08 za 4 lica so kujna i kolku e od den

  • Borche Georgievski

    12.06.2023 09:01

    Slobodno mesto i cen za dvajca vozrasni i 3deca 2,4,6godini od 01.08-10.08