Вила Кордела: Лето 2025 во Неа Скиони: Грција
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати во табелата
- Наем на апартман за 3,4 или 7 ноќи (зависно од термините што се дадени)
Не е вклучено во цена:
- Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место.
- Задолжително патничко осигурување.
- Превозот се доплаќа:
- Возрасен: 45 € повратен билет / 40 € еден правец
- Деца од 02-12г.: 35 € повратен / 30 € еден правец
- Деца до 2г.: Бесплатно (без седиште).
Сместувања за лето 2025 во Грција, Неа Скиони. Вила Кордела е може да се резервира по флексибилни термини, туку може да ја резервирате според термините во описот на табелата. Термините се исклучиво на 7 ноќевања. Организатор на овој аранжман е Escape Travel Agency.
Вила KORDELA се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во
Неа Скиони, со прекрасен двор и магичен поглед на тиркизното море, со што ви
нуди одлична можност за одмор и релаксација. Лоцирана е на 60 метри од центарот
на Неа Скиони, во близина на многу ресторани, маркети и таверни. Сместувањето е
во луксузно уредени апартамани на приземје и прв кат, секој апартман располага
со две простории, една просторија каде има модерно опремена кујна и софа и
втора просторија – спална со брачен кревет.
Сите апартмани имаат сопственa бања, тераса која излегува во двор или балкон на кат опремени со сет маса и столици, бесплатно Wi-Fi , клима и ТВ. Можност за дополнителен кревет или бебешко креветче на ваше барање.
ВАЖНО:
Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за
студио/апартман, се плаќа на лице место
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет
(број на кревети), преку
дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со
одобрение од агенција
Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Важат општите услови за патувањe на агенцијата.
ЛОКАЦИЈА