Лето 2025 во Посиди: Вила Daliakopolou
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати во табелата
- Наем на соба за 7 ноќевања
- Интернет во соба
- Користење на клима
Не е вклучено во цена:
- Туристичка такса од 2 еур по соба на ноќ која се плаќа на лице место
- Превоз Македонија – Грција – Македонија
- Скопје / Велес / Неготино / Гр. премин Богородица – 45 € за возрасни и 35 € за деца до 11,99 г.
- Струмица, Штип – 60 € за возрасни и 50 € за деца до 11,99 г.
- Битола / Прилеп – 40 € за возрасни и 30 € за деца до 11,99
- Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Понуда за лето 2025 во Посиди, Грција. Вилата Daliakopolou не може да се резервира по флексибилни термини, туку може да ја резервирате според термините во описот на табелата. Термините се исклучиво на 7 ноќевања. Организатор на овој аранжман е Escape Travel Agency.
Вилата располага со трокреветни студиа.
Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна и прибор во согласност од бројот на легла во собата. Секоја соба има сопствена бања, телевизор и тераса . Чистење на собите и промена на постелнина: еднаш неделно при превземање на собата.
Влегување во собите е после 14 часот локално време / напуштање на собите
последниот ден до 10 часот наутро.
Плажа: 100м од плажа
Интернет: бесплатно (агенцијата не гарантира за брзината и стабилноста на
интернетот)
Клима уред: бесплатно
Посиди, лоциран на полуостровот Касандра на Халкидики,
Грција, е живописно крајбрежно место кое ги плени посетителите со својата
природна убавина и спокојна атмосфера. Сместен покрај сините води на Егејското
Море, Посиди нуди мирно бегство од метежот и вревата на градскиот живот.
Местото е познато по своите недопрени песочни плажи, каде што златните брегови
се протегаат со километри, повикувајќи ги посетителите да се релаксираат и да
уживаат во сонцето.
Посиди е украсен со традиционалната грчка архитектура и
згради кои создаваат совршен амбиент како за разгледница. Шетајќи низ тесните
улички, посетителите можат да откријат продавници, кафулиња и локални таверни
кои служат автентична грчка кујна. Местото зрачи со топол и пријатен амбиент,
што го прави идеална дестинација за оние кои бараат опуштен одмор.
ВАЖНО:
Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за
студио/апартман, се плаќа на лице место
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет
(број на кревети), преку
дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со
одобрение од агенција
Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Важат општите услови за патувањe на агенцијата.
ЛОКАЦИЈА