Лето 2025 во Хотел Melisa Gold- Псакудија, Халкидики

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • 7 ноќевања
  • Wi-Fi
  • Користење на базен за возрасни и деца

Не е вклучено во цена:

  • Организиран превоз
  • Превоз за возрасен повратен билет Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија– 50 еур / 45 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
  • Храна
  • Туристичка такса 5 евра од ден од соба, се плаќа на рецепција.
  • Лежалки и чадори за на плажа со минимална доплата

Летни понуди за Халкидики. Хотел Melisa Gold не може да се резервира по флексибилни термини, туку може да ја резервирате според термините во описот на табелата. Термините се исклучиво на 7 ноќевања.


Макс. Капацитет : 50
Кревети : 25
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

За оние кои сакаат чисто море, широки песочни плажи каде има простор за сопствени лежалки и чадори, за оние кои бараат дестинација идеална за со деца, а да не биде повеќе од два часа возење со автомобил од границата, тогаш ви ја препорачуваме Псакудиа.

Прекрасно туристичко селце сместено помеѓу прв и втор крак. Лесно достапно со автомобил, опколено со борова шума, а каде имате километарска долга празна песочна плажа и организирана плажа со лежалки, чадори и кафулиња. Во Псакудиа го имате и најдобриот хотел за семејства со деца, хотелот Мелиса Голд Коуст.

Зошто велиме дека овој хотел е идеален и за деца и за возрасни?
Бидејќи овде има активности за секого. Од игралишта и анимации за деца, базен за возрасни и деца, па се до ноќни забави за повозрасните.

ЕТА го има во сопствен закуп хотелот Мелиса Голд Кост, поради многу причини. А трите главни причини се: Цената, блискоста до морето и секако собите кои се уредени според потребите на нашите туристи.

Хотелот Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија, а најважно од се е тоа што плажата Псакудија е со сино знаме што значи дека има чиста вода. За ваше знаење плажата е долга 4 километри и е совршена дестинација за семејни одмори, бидејќи ви нуди лежалки, чадори и спортови на вода. За оние кои сакаат да заштедат на лежалки и чадори, треба да имаат предвид дека овде има и празни песочни плажи.

Псакудија има главна улица која се протега покрај плажата а каде се сместени неколку таверни, додека на плажата се наоѓаат одлични барови и кафулиња со убаво уредени градини, како и неколку продавници.

Што се однесува до Хотелот Мелиса Голд Коуст:

Целиот комплекс се состои од четири главни згради во кои се наоѓаат собите. Дел од собите се со поглед на боровата шума, дел гледаат кон базенот, а дел кон заливот Торонеос.

Секоја соба има опремена кујна за подготовка на лесна храна, во секоја соба има клима уред, телевизор со рамен екран и сателитски канали, мини фрижидер и купатило со тоалет.

Хотелот има базен за возрасни но и за деца. Се наоѓа во централниот дел на комплексот и има дел за хидромасажа. Покрај базенот, самиот хотел има и ресторан, бар на плажа со игралиште, детско игралиште, лежалки и чадори. Овде имате доста атракции на вода.

Хотелот има двокреветни, трокреветни фамилијарни соби, мазонет и фамилијарен апартман.

Хотелот е на 80 метри од плажа, а до самата плажа има прекрасни дрвца, патека, игралишта за децата, што ви овозможува да го исполните вашето време како што вие сакате.

Псакудија е мало приморско место лоцирано на полуостровот Ситонија, дел од Халкидики во Грција. Се наоѓа на околу 80 километри од Солун и околу 20 километри од Неа Муданија.

Местото е опкружено со мирис на борова шума, што придонесува за пријатна и релаксирачка атмосфера.

  • Фамилијарен апартман: Соба бр. 314, 35 метри квадратни, во C зграда, со поглед кон задниот дел од градината на приземје.
  • Фамилијарен Мазонет: Соба бр. 309, 38метри квадратни, во C зграда, со поглед кон задниот дел од градината на приземје.
  • Фамилијарна соба: Соба бр. 313, 22 метри квадратни, во C зграда,со поглед кон задниот дел од градината на приземје.
  • Фамилијарна соба бр.412, 25 метри квадратни , во D зграда, со поглед кон базенот, на приземје.
  • Фамилијарна соба бр.413, 24 метри квадратни, во D зграда , со поглед кон базен, на приземје.
  • Трокреветна соба бр. 401, 35 метри квадратни, во D зграда, со поглед кон задниот дел од градината ,на прв спрат.
  • Трокреветна соба бр.405, 24 метри кваратни, во D зграда, со поглед кон базен, на втор спрат.
  • Двокреветна соба бр.308, 20 метри квадратни, во C зграда, со поглед кон задниот дел на градината, на втор спрат.
  • Двокреветна соба бр. 404,28 метри квадратни, во D зграда,со поглед кон задниот дел на градината, на втор спрат.
  • Двокреветна соба бр.408, 20 метри квадратни., во D зграда, со поглед кон задниот дел на градината, на втор спрат.

Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија со сино знаме е долга 4км и  е совршена дестинација за семејни одмори , нуди лежалки, чадори и спортови на вода, се наоѓа на само 80 метри.

Псакудија има само една главна улица која се протега покрај плажата во која се сместени неколку таверни, додека на плажата се наоѓаат одлични барови и кафулиња со убаво уредени градини, како и неколку продавници.

ВАЖНО:
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00час.
По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување