НОВО

Хотел Гранит: Охрид, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Гранит: Охрид, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Хотел Гранит со четири ѕвезди е лоциран на брегот на Охридското езеро, во областа Свети Стефан. На само 5км од центарот на Охрид и 12км од Охридскиот аеродром.

Хотелот Гранит нуди различни типови на соби и апартмани, прилагодени на потребите на гостите. 

- Единечна соба или стандардна двокреветна соба

Оваа соба располага со минибар, клима-уред, телевизор, телефон, приватна бања, Wi-Fi и балкон или француски балкон. Опремена е со еден единечен кревет.

- Двокреветна соба

Климатизирана соба со телевизор, телефон, минибар, приватна бања, Wi-Fi и балкон. Може да има еден голем двоен кревет или два единечни кревети.

- Двокреветна соба со дополнителен кревет

Оваа климатизирана соба има простор за седење, телевизор, телефон, минибар, приватна бања, балкон и Wi-Fi. Опремена е со еден двоен кревет и дополнителен кревет.

- Апартман со една спална соба

Апартманот располага со клима-уред, телевизор, телефон, Wi-Fi, минибар, двоен балкон, една бања и дополнителен тоалет. Има еден двоен кревет и софа кревет.

- Апартман

Овој апартман е опремен со клима-уред, телевизор, телефон, Wi-Fi, минибар, балкон и приватна бања. Содржи еден двоен кревет и еден дополнителен кревет.

- Станбен апартман

Климатизиран апартман со телевизор, телефон, Wi-Fi, двоен балкон, приватна бања и минибар. Опремен е со еден двоен кревет.

- Претседателски апартман

Овој луксузен апартман нуди спална соба со посебна тераса со поглед на езерото, две тоалети, дневна соба, целосно опремена кујна и просторија за состаноци. Апартманот располага со минибар, директна телефонска линија, сателитска и кабелска телевизија и безжичен интернет.

Во склоп на хотелот има ресторан. Прекрасна тераса покрај базенот.

Хотел Гранит има надворешен базен и песочна плажа.

За љубителите на спорт и рекреација хотелот располага со фитнес клуб, игралиште за тенис или кошарка, сала за пинг понг.

Детско катче со детски базен за најмалите патници.

Хотел Гранит располага со две конференциски сали со модерен ентериер и опрема. Салите можат да примат од 100 до 300 учесници, што ги прави идеални за организирање семинари, симпозиуми, конференции и конгреси на национално и меѓународно ниво.

Покрај конференциските сали, хотелот нуди и ресторан со капацитет од 300 гости, погоден за различни прослави и настани. Дополнително, на располагање се летната тераса и базенот за дополнително уживање во најважните моменти. 

Приватен паркинг на хотелот.

Домашни миленици не се дозволени.

Check-in: 14:00
Check-out: 11:00

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување